Здраво на сите, подолго време ве читам и им честитам на сите идни мамички. Почнав со инвитро постапка кај Др.Поповиќ Систина по долг протокол. Од 20ти треба да почнам со фостимон,дали знаете од прилика колку дена се примаат и по колку и дали имавте некакви несакани ефекти...прво ивф ни е па се ми е непознато.
Toa zavisi od tvojot organizam obicno fostimonot se primaat od 9 do 12 dena a za nesakani dejstva jas nemav nikakvi nesakani dejstva
Фалааа , се надевам утре ке кажат нешто ембриолозите , овие два дена најдолги ке бидат а бе јас понеделник со ембрионче во мешко ке си бидам , не ме интересира те гушкам
Единствениот совет што можам да ти го дадам е да правиш се` што е потребно да останеш опуштена низ процедурата (добро спиење, јадење, масажа, љубов...) Сето друго е вон твоја контрола а секој случај сосема индивидуален и различен. (Јас конкретно примав максимална терапија, почнав со 5, па после ми качија на 6 на ден, околу 13 дена, и имав само три фоликули од кои извадија три јајце клетки. Некој може да има со многу мала доза на стимулации многу фоликули....Ништо не можеш да заклучиш од туѓите приказни, освен со некоја феминка со која имате ептен слични медицински истории) Инаку, додека ја примав терапијата, дури и при толкави дози, навистина немав никакви несакани дејства. Но ми беше навистина стресен процесот, не бев припремена на непредвидливоста на целата процедура.
Фала многу за советот, ќе се обидам да бидам што е можно поопуштена и да не мислам многу на постапката...ма да сега за сега тешко ми оди
Јас лично немав несакани дејства примав една недела по 3 фостимона но кај сите е различно. И јас сум кај Попович докторот ми е закон.
Имаш супер доктор и да не се секираш за постапката, прави како што ќе ти каже. Каков е проблемот кај вас? Зошто почнувате со ивф?
Ги најдов Профертил во аптеката во Капитол, сепак фала ти за инфо. Ако на некој му треба профертил да знаете ги има и во мк. Поздрав
Немаме проблем,идеопатски стерилитет,3 години сме во брак а 2 и пол во обиди...хормони,редовни циклуси,овулации,матка,спермограм се е во ред...ама нејќе Многу ми се допадна пристапот на докторот,се надевам на успех
Проодни,со ваучер преку фондот сме правев и лапарохистероскопија се беше во ред... Веројатно големата желба за бебче донесе контраефект, а и минатата година и пол ми беше мн стресна,ја изгубив мајка ми ...така да се си остава последици...
Добар ден девојки денеска ми е 4 ден од трансфер ама се разбудив загрижена градите што ме болееа многу сега ептен малку. Значи ли ова дека и ова 3 ивф заврши неуспешно. Поздрав
Еве само што ми јавија од систина ке има трансфер , 2 јајце клетки биле со добар квалитет и понеделник на трансфер, ми олесни бидејки цела нок во мисла