Не значи. Се додека не направиш бета, има шанси за бременост. Градите може да те болат од прогестеронот.
Од прв пат успеавте? Јас имам некаква позитивна возбуда во мене,знам дека и негативен исхид е возможен ама се трудам да мислам позитивно.Кај кој доктор го правеше?
Девојки заборавив да прашам , утре треба да примам половина ампула прогестерон депо , тие се примаат без водички без ништо така? Само се дозира и толку така?
така и трба само позитивна мисла....Јас на 01.09 ембриотрансфер правев кај Др.Хаџи Лега, на 10ти ден правев тест изелзе бледа линија, а на 13ти ден и тест преку крв и вредноста излезе 118,7.Ми рекоа за две ндели преглед и додека не видам и тоа уште не ми е сигурно
П.депо се мускулни инекции и не се раствараат со вода. Градите мене почнаа да ме болат по позитивен тест и тоа краток период, сега сум 28ма недела и сеуште не ме болат немој да си бараш знаци, релаксирај се со нешто и само позитивни мисли
Фала многу , за среќа имам една братучетка таа ке ме боцне па ке видиме за понатаму како што гледам ке има и уште боцки понатаму
а после колку дена од ембриотрансферот бевте на ехо и од како позитивен излезе тестот што примавте од терапија
на ехо бев по две недели од позитивен тест, терапија ми беше прогестерон депо на 4 дена, фраксипарин, утрогестан 3×1, магнезиум и фемибион 1.
@Milicka* со лесно и опуштено на трансфер и наредниве две недели па те чекамемсо висока бета. @NNA не си барај симптоми. мене на пр еден ден ме болеа градите еден не. 5 дена пред позитивем тест имав менструални болки. Значи но еден дефинитивем симптом, па еве се гушкаме со синко. Опушти се малку, оди прошетај и испи сокче со пријатели па и тебе те чекаме со висока бета. @R!B! На ехо бев после една недела, ама само сакус имаше. Инаку примав магнезиум, прогестетон депо, утрогестан, аспирин и фраксипарин. Прво прекинав со аспирин, па по некое време и фраксипарин. Потоа ми укинаа прогестерон, а утрогестам во намалена доза и магнезиум примав до породување. Се разбира и пренатални. Во секој случај доктор треба да ти одредува терапија
Девојки, ми закажаа пункција за вторник, еден фоликул за природен ИВФ. Само да го дочувам фоликулов да отстои до пункцијата Да пробам да видам и ова што чудо е
Izgleda uste eden problem na mojot pat. Me boli pece koga mokram, krv mokram strasno me boli .Izgleda ke da e nekoja infekcija.
Инфекција изгледа. Одма на лекар оди на инфективно, ќе те средат со антибиотици/ инекции, прво ќе испитаат крв мокрача Во меѓувреме земи брусницин капсули пиј ги со 2 литра вода да те прочисти. Ќе се среди, не се секирај.
Мила нели порано имаше пишувано за проблем со ешерихија? Можно е да е тоа, многу досадна бактерија е.