Нели е чудно многу за толку краток период да се покачи многу невозможно да не ти се верува но тоа е тоа
Покрај тоа што ќе го повториш испитувањето, треба и на ехо да те прегледа докторот. Можда си пред овулација, иако звучи чудно, можно е. Не знам дали си примала претходно некаква хормонска терапија... ако си промала кломифен, можно е после престанување на терапја - неколку месеци да покажува високи вредности на ФСХ. Има повеќе комбинации зошто ова се случува... Секако треба да се следи неколку месеци во континуитет... Мене после една од инсеминациите (после терапија со кломифен) ФСХ ми беше 20, а баш тогаш сакав документи да поднесувам... проверив пак, следниот месец - и беше нормален. После вежбав, почнав со фитнес, и мислам дека и тоа допринесе ФСХ да ми се намали дури и на 6 - после неколку месеци вежбање. Се зависи која е причината за ваков резултат. Затоа ти викам и ехо да ти направи... ако нема антрални фоликули, не си пред овулација... за жал мозжеби оваријалните резерви се трошат.... Не се нервирај од одма, прво види од што е тоа ... па после ќе му ја мислиш. А за хормони нема врска гладна јадена барем мене така ми рекле. За пролактинот битно е сабајлето од кога ќе станеш до боцкање да бидеш што помалку активна. (пр, да не се качуваш симнуваш по скали, да не трчаш сабјлето, итн)
Девојки имам едно прашање. Од утре почнувам со фостимони не знам по колку и колку дена, а од 08/09 се боцкам со супрефакт, и јас и мм пиеме витамини, ама кога ја прашав сестрата дали треба на нешто да се придржуваме во однос на исхрана, алкохол, физичка активност...добив одговор - си терате нормален живот. ММ испи 2 пивца во периодов, под изговор дека никој не ни забрани, а тоа мене ме полудува. Ме интересира дали се придржувавте до некаков режим на исхрана и дали мислите дека двеве испиени пивца ќе направат проблем. Според Др. Попович ќе завршиме со целата процедура првата недела од Октомври, па ме интересира од кога е најпаметно да користам денови од одмор, и колку време одмаравте после трансфер?
Nisto ne se dve pivca ne se sekuraj nikakov problem nema da napravat ne go maltretiraj covekot hhihihihh
Сурфав малку и Летрозолот е Фемара, како што рече и @Nadja_22 А Анастразол се исто така за стимулација? Мене ми рече 2×1 да ги пијам пет дена од трет ден. Како се чувствуваше, како ти реагираше организмот на нив? Ако не ти е тешко, те молам кажи го искуството со нив @Ivuska31 почнуваш со боцки и не си прави стрес за две пива. Рилекс и со лесно боцкање!
Ич не му ја мисли за пивото. Ние за првото ивф се пазевме колку толку кога се во прашање цигарите и алкохолот па искочи неуспешно. На второво се опуштивме и си рековме ако сака да биде ќе биде. Мојот сопруг не 2 пива знаеше и по 2 пива од 1.5 да испие некогаш што многу се љутев.а за цигарите пуши по 2 кутии скоро па ете сега е успешно ова ивф. Јас додека примав терапија знаев и чашка ракија да испијам на ручек. Така да терајте си нормален живот и не се секирајте што е ваше ќе си дојде.
Фала ти многу, баш ме опушти јас некако дури и забегав со мислите. Вие кај Др. Попович правевте така? Кажи ми дали за пунцкија мируваше и колку денови по трансфер остана дома? Треба некако да најавам на работа дека ќе бидам отсутна. Работата не ми е тешка, канцелариска е, ама пак нели сигурно има некој препорачан период за одмор.
Јас пиев по 1 на ден, вкупно 5 дена. Добив 1 фоликул кој многу брзо порасна. Имаше ј. клетка, се оплоди, имав и трансфер, но заврши негативно. Фемара се препорачува за слаби резерви и не го истенчува ендометрумот. ОК се чувствував додека ги земав, нормално. Лесно е со вакви стимулации опуштено и без грижи, нема негативни ефекти .
Да кај Попович правевме. Боледувањето го отворив 1 ден пред пункција и уште сум на боледување. Ако сакаш до тест поседиси дома или ако сакаш и можеш на раб чим ти е канцелариска недела дена доволно ти е да седиш дома после тргниси на раб.
Ovoj naod prethodno sto go imas ispitano ukažuva na pcos E kako da ne jas patuvam 3 casa koga odam na kontrola za prolaktinot pa sto nema vrska toa
За пролактин се знае дека мора да си одморен и да се испита не многу после будење. Не е тоа без врска.
и мене ми е канцелариска работата и ке одмарам една недела, понеделник ке пичнам но со полека, бидејки нели треба да се внимава по скалли, а кај мене ги има многу
Јас сега кога испитував хормони, последно имав јадено претходниот ден околу 18:00, спиев осум часа, станав во 6:30, отидов со кола во болница, не одев по скали до лабораторија, се качив со лифт и во 8:00 ми зедоа крв. Бидејќи вежбам секој ден, претходниот ден вежбав рано сабајле, 24 часа пред земање крв, за да нема некое влијание физичката активност врз резултатите. Максимално се трудев да се релаксирам, да немам стресни ситуации. Претпоставувам дека сето ова придонесе да ми биде пролактинот низок.
јас се боцкав 11 дена по 3 фостимони на ден.Не се приддржувавме на никаков посебен режим, туку како што ти кажале функциониравме нормално.Биди си опуштена, јас после трансфер 4-5 дена не испаѓав никако од дома си лежев, си одмарав, си читав фемина....со лесно
Фала ти многу, така изгледа е најдобро. А со фостимон кое време се боцкаше и дали и тие ги боцкаш дома или мора да одиш во амбуланта? Исто како супрефактот во исто време мора секој ден да е боцкањето? Јас имам службено патување надвор од МК на 26ти ама ќе се вратам до кај 19:30 најдоцна, супрефакт боцкам во 20.00 така да се надевам нема да имам проблем навечер да боцкам и фостимон?