Обичен тест преку крв а не бета. Нели има бета да испиташ и има само позитивен или негативен тест преку крв. Е душо незнам дали е исто јас си побарав тест за бременост преку крв во систина. А предходно во државна бев баш бета да испитам.
Во систина и мене само + - ми испитуваа преку крв,па ако излегол позитивен,ке провереле вредноста на бетата колкава е,ако побарал доктоеот.Така ми викаа секогаш.
Дека попладнево почнав и да крварам се јавив на сестрата и да ми препорача одма да купам прогестерон депо инекција и ме буцнаа во мут мусклуно и ми рече утре да и се јавам.Оф леле што ќе испадне од ова.
daa bev vo toalet sega so strav nema poveke krvarenje samo kafen iscedok.Samo na 13ti den pravev test preku krv i beta 118,7
Кажи ми на работа дали идеш? По дома одмараш или си потфаќаш по нешто? Сега одмарај не се нервирај ќе биде се во ред
сама ќе се истепам.денес ми е 21-ви ден од трансфер и функционирам најнормално, на работа, на кафенце.ама ветувам од вечерва ќе бидам послушна и ќе одмарам.
Ако се плашиш најдобро оди на дежурен да те видат. Јас кога прокрварев се спакував и директ на гак мислејќи дека е готово се се заврши кога таму изненадување, видов и срцева акција. Ми ја потврдија терапијата која веќе ја примав и ме пратија дома на строго мирување. Само до тоалет станував. После тоа имав само исцедок уште десеттина дена.
Од вечерва и јас ќе бидам послушна мм само ме кара јас не идам на работа ама по дома си фаќам викам ајде ништо нема да ми е ама не се знае затоа треба да одмараме.
Примив прогестерон депо и веќе престана крварењето.Е незнам кафениот исцедок дали е нормално?!Благодарам на советите да бидеме кралици
А за аспиринот што ти рекоа,ти го прекинаа ли .Јас кога прокрварев уште пред тест да направам,докторот со надеж дека биднало ми рече аспирин да прекинам.Ама кај мене беше беуспешно инвитрото.Ајде смурено и одмарај.Со лесно да ти биде бременоста до крај 9 месеци.
Благодарам Денес ќе ѕвонам на сестрата и ќе ја прашам за аспиринот обавезно, а и за ехо ќе закажам.Навистина од пролутекс депо прекинав да крварам.
Добар ден девојки, мене денеска ми 11 ден од трансферот без денот на трансфер. Двете други ивф секогаш на денот на кога требаше да добијам добиев и покрај терапијата. Јас требаше вечерва да добијам ама немам добиено, имав пред 2 дена менструални болки сега немам,не чуствувам ништо како да немам правено трансфер, градите еднаш се осетливи на допир еднаш не,немам нитуеден симптом дека има нешто. Вие што мислите. Поздрав.
Ама нема ни да добиеш, готово вештерката нема да дојде. А за градите ти кажавме пред некој ден не барај симптоми не е кај сите исто и мене градите ми се нормални рано ни е уште. Во пон тест ќе правиш така? После позитивен тест е каде полесно, ако е сончево јас под ќебе сум си лежам ладно ми е. Ти како си денес? Нема веќе ништо?
и мене ми е ладно дома лежам под ќебе.Добра сум, ѕвонев кај Др. не се јавува, ќе бидам упорна за да ми каже во врска со терапијата и кога ехо