Резултатите мои вели дека се супер, за припрема ми даде овунорм, фемибион, фолна од 5 и витамин д од 1000мг. За маж ми предложи да даде материјал денес, па ако е добар да замрзниме, а ако не да се почне со терапија со гонал ф и прегнил. И замислете без стрес и очекување излезе добар материјалот. Ќе се замрзне, па утре ќе ни се јават да кажат што ќе одлучи д-р, дали ќе има инекции или не за него. Чекаме ваучер па ќе се договараме за термин понатаму. Ептен сум задоволна од Митко, многу темелен и прецизен.
А дали имаше некоја инфекција? или докажано присуство некаде во телото на некоја бактерија? бидејќи ова е антибиотик? така? Покрај инфекции, за што друго се овие инекции?
Девојки ,земав резултат од второ мерење естрадиол и чекам контрола во моментов,а има гужва и се ми поминува низ глава појма немам што значи резултатов 1520.71 тоа е добро или...?
Одлично! Не знам кој ден си, но обично естрадиолот пред пункција треба да е околу 200 за 1 фоликул. Кај тебе има повеќе фоликулчиња
Уфф ми олесна , вчера ми беше 8ден од стимулации со фостимон,по 3 примав,стоп инекција најверојатно во недела така ми кажа докторот завчера кога бев.
Баш ме заинтересира со овие инекции и прочачкав малку на чичко гугле И.... Овие молдамин се замена на екстенцилин инекции. Колку што успеав да прочитам се даваат како заштита од чести повторувања на гнојна ангина,присуство на стрептокока во грло,шарлах...и се примаат на 21 ден. Со оглед дека имаш чисти брисеви и пап за што воопшто ти ги дава овие инекции!!! Немој да ме разбереш погрешно не те разубедувам само би ти предложила уште еднаш да појдеш до докторот и убаво да ти обајсни за што се уствари и како би ти помогнале тебе за остварување на бременост. Знам дека овој пат или борба е тешка и се факаме за најмало нешто за да стигнеме до целта НО те молам добро размисли пред да примиш било што. Најдобронамерно ти го пишувам ова Еве што е и за што се прима молдамин http://m.sfatulmedicului.ro/medicamente/moldamin-flacon-injectabil_8603
Се сложувам со тебе, затоа и јас го поставив истото прашање дали брисевите и пап-от се ок, не знам што би бил ефектот од ваквите инекции, треба да се провери у се кој случај, да се знае што и зошто се прима. Без да се сфатиме погрешно, ова е добронамерна сугестија. С Со лесно и со висока бета да ни се фалиш!
Некогаш и покрај чисти брисеви можно е да има некоја бактерија во матката што се одкрива само со земање парче од ѕидот на матката.Со Трајковски за тоа правевме муабет по последното инвитро,јас му викав за таму во њуборн да правам ама он ми рече да не плакам приватно кај Зоран во чаир да одам.Најверојатно за тоа и ги дал докторот овие инекции,да не ја изложува на тој процес,макар шти и јас сум за да не се примаат без да се провери дали сигурно треба.
Можно е се, ама сепак треба да се провери, и докторите понекогаш само измислуваат нешто, веќе да не знаеш во што да веруваш.
Девојки уште едно прашање имам. Сега во аптека бев за вит Ц и калциум таблетки...аптекаркава вика нема чисто калциум, и некои шумливи ми нудеше.Вие каде ги купувавте? Јас мислам дека со трудничка .Честитки