Ке биде се добро не со такви мисли сега. Фала на инф. те прашав бидејки некако многу евтино ми се чини. Мислев дека е поскапо. А што примаше од стимулации или баш баш на природен циклус одевте?
Ee bravo si znaes ti dobro pa zatoa i plus zaradi neuspesnoto ifv on saka bez niedna greska da pocnam
Па и мене ми беше чудно,10 пати препрашав....и убаво се разбравме на крај.Тотално на природен циклус одам без никакви стимулации,па сега ќе видиме.До сега овулацијата не ме изневерила,се надевам на добро,т.е МОРАМ да мислам дека ќе биде добро.Ако не ваучерот не бега
Дали некоја од вас имала покачена телесна температура од ембриотрансфер до тест, па и понатаму? Уште од трансферот на 13.09.2017, имам 37-37.5 С? И по позитивен тест уште си ја имам. Да не е од прогестеронот? Во вторник сум на преглед, па крвна слика направив за да ја однесам да ја видат. Имам покачени леукоцити (18, а граница 10), гранулоцити и испитав и ЦРП и тоа ми е покачено на 11.9 ( а граница 3). Си турив филм во глава дека телово мое се бори да прифати бебуш. Будала сум. Дури испитав и втора бета, на 26ти беше 257, денес на 29ти е 936. Барем тоа ме утеши малку. Температурава ме заморува малку па затоа се грижам, па да не има некој со слично искуство?
Ајде со лесно. Редовно си ја читам темата и ме фаќа визбуда секогаш кога некој се ближи до крајот. А да не кажам колку се радувам на секој позитивен тест. Ајде пуштам среќа. Честитки со лесно да си јс истераш цела бременост. Дај боже да им го вратиш. Инаку за калциум. Сум пишувала и друг пат. Јас го пиев овој. Таблети за шмукање. Само содржат и мала доза д3.
Баш ми е мило мене на 13ти ден ми беше 118,7 значи супер ти е вредноста. Уживај си сеа што ти рекоа кога на ехо
Девојки уште ова....треба нешто да пијам до инвитро некои витамини,да јадам нешто...некој совет да ми дадете
Немој да стравуваш има бебе во меше и матичната ми кажа дека до 15 леукоцитите биле дозволени кај бремени жени и јас имав мах 37 а се 36.4 со 5...се така ми се движеше но тоа до 2ри месец но мој совет е да направиш уринокултура...мене во 12та недела брисевите вагинални ми беа чисти а леук.упорно 13ка 15ка и испитав Уринокултура и излезе Ешерихија со ниска концентрација но сепак присутна.Од 7месеци само еве прошлиот месец ми беше само стерилна а Леук.ми беа 11.Заби испитав.ЦРП негативно ми беше последно...а еве пак Леук.ми се 15 па утре чекам резултат пак од Урината...и ако е стерилна пак ќе испитувам вагинални брисеви и покрај тоа што немам симптоми... Јас по позитивен тест и до 2ри месец се бев со дланки,стапала и очи жешка и само со топлпмерот во раце и паника бев но еве гала му на Бога тераме... Да напоменам на обична урина немав ни еден плус ни покачени леукоците зошто сум имала бактерија со ниска концентрација...а само 3 дена имаше размак од идпитување на таа обична урина и до уринокултура
Јас си мерев телесна и базална температура после трансфер. Телесната ми беше 37.0 и 37.4 но повеќе немам температура имав само 4-5 дена. А базалната ми е 37.4 и ден денес си ја мерам таа ми рекоа дека е најдобар тест за бременост и искочи позитивен тест.
Фала на совет. На обична урина ништо не ми покажуваше. Само крвната слика. Ама и тоа да си испитам најдобро. Од вторникот до денес секој ден во Авицена си испитувам по нешто..ај бета, ај крвна слика, ај црп, ај пак бета... Хахаха... Маж ми како ме трпи не знам, само си ќути и трае.
Јас денес си прашав и ми кажаа да си продолжам со истста терапија додека одам на преглед , бидејки нели сега е рано за ехо сеуште *и јас оијам овунорм 2×2 и ми остана така * Значи души најмили сте ми, најголема поддршка, ви благодарам и на сите ви посакувам полно меше, мн бев исплашена поради тоа мало крваррње но заклучив дека ми е веројатно од запек, па ке јадам сливи сега најмили ви ја пуштам сета среќа, а емкаемка да ми дадеш ќотече и тоа добро ќотече, а јас ке ми те гушнам * Здравје на 13.10 ти до каде си?како си?
Бидејќи катастрофа ни се спермограмите, д-р не сака да ризикува на денот на пункција да нема квалитетен материјал. Покрај тоа ќе почнеме и терапија со инекции за сопругот и ќе се замрзни материјал уште 2 пати. Ако на денот на пункција свежиот материјал е добар, ќе се оплодува со него. А ако не со замрзнатиот. Имам 2 неуспешни ивф и д-р сака да ги отстрани сите претходни пропусти (претходно бевме во плодност) Честитки од срце! Со лесно