Нема правила, овде имам читано и за неуспешни ивф-а и од кај Трајковски, секој случај е индивидуален и не може форумов да биде репер за избор на д-р, затоа што ако една феминка успеала кај одреден д-р, не значи дека сите ќе успеат кај истиот. Најдобро секоја да си одлучува според сопствените уверувања и инстинкт! Имајте убава недела! hug:
Имам прашање. Од денес почнувам со терапија Пурегон ×4, за почеток а потоа ќе видиме. Ова ми е второ INF. Пред 1 година (неуспешно)многу ми беше лошо со вртоглавици цело време ама среќа бев на годишен одмор. Сега се плашам како ќе одам на работа ако пак ми е така... има ли некој со вакво искуство
Јас немам искуство со ивф но, мислам дека треба да се консултираш со докторот во врска со тие симптоми што си ги имала, иако не значи дека и сега ќе ги имаш. За вртоглавици, помага Магнезиум со Б-комплекс. Ако е до терапијата, можеби ќе има алтернатива да се замени, за тоа пак мора консултација со д-р да направиш. Само со позитивни мисли и овој пат се ќе биде во ред! Среќно!
Точно секој си одлучува за себе сам,и секој со своето искуство.Затоа и пишав дека тоа е само мое искуство.Не успев ни кај едниот ни кај другиот,но позадовочна сум од однососот на Трајковски.Го имам поназад искусвото со Лазаревски напишано,да не се поторувам.И напишав на Срна за дека го препорачувам Трајовски затоа што она праша за искуства и дека се мисли кај да прави.Никогаш не сум разубедувала некој ако веке решил кај да оди и напишал дека е задоволен,за да не ставам лоши мисли и чуства.Незнам што се напна.Прочитај погоре дека праша за искуства членката,а јас баш со двајцата имав искуство.
Да јас мерионали купував во Приштина 10 евра се. Бидејки требаше да примам повеке од 30 Трајковски ми предложи доколку можам од Косово да ги купам. Rexal се вика аптеката мислам погоре некој и бројче има оставено баш од таа аптека.
Мили мои, сега јас имам прашање за вас , ги земав резултатите од Трансфузија и имам генетска мутација на МТХФР 677, што значи ова? Некоја од вас да сподели искуство...
Треба да примаш терапија во зависност од тоа дали е хетерозиготна или хомозиготна. Тоа докторот од трансфузиологија најубаво ке ти каже
Јас не се напнав воопшто, можеби погрешно ме сфати, и јас дадов мое мислење, поентата ми беше дека не можеме да се одлучиме за д-р според искуства од форумов, бидејќи реално не е репер. Не знам зошто ти звучев напнато, јас немам искуство со ивф, ова беше само мое видување по однос на избор. Немам правено ништо до сега ниту кај едниот, ниту кај другиот доктор и немам намера да вршам влијание, ништо не ми менува. Се надевам дека се сфативме, ти посакувам среќа и тебе душо, како и на сите нас, дај Боже да успееме што побрзо, па неважно кај кој д-р. П.С. А што се однесува до односот на докторот, и тоа е индивидуално и до флуидот што ќе се воспостави на релација пациент-доктор, некоја од нас бара повеќе муабет и објаснувања, на некоја не и важно тоа, за мене важно е да има успех и ништо друго. Хомозиготна е, а што значи тоа и каква терапија се прима?
Метилирана фолна,б6,б12. Како што реков најубаво прашај доктор само тој може да ти ја одреди терапијата. 90% од овде имаме мутации и секој е случај за себе.
Па затоа шѕо мене ме циташе како да ме караш оти сум пишала искуство,а не ја цитираше срна за да ја советуваш да не се води по форум ако ти така мислиш,затоа.Немаш искуство со ивф и незнаеш како е кога ке се изгориш од некој доктор што очекуваш да биде внимателен со тебе,а тој те мине ко на лента,затоа што првиот пат не сте успеале и незнае каде е проблемот,и наместо да биде уште повнимателен тој сака да те откачи оти му квариш просек на успех.Тогаш и те како ми беше битно искуства со доктори од други членки.Нема веза грешно сум те разбрала.Ти посакувам што поскоро да останеш трудна и ич да не акаш по овие патишта.
Фала мила за советот, не знам дали кај истиот д-р да одам, кога бев за боцкање, упат ми даде д-р Лаура Горчај. Кој д-р го препорачувате и дали има влијание тоа или се е шаблон?
Јас имам таква мутација,и ке примаш метилирана фолна.Јад примав 1мг,ја нема кај нас треба да ја нарачаш од Бугарија или друга земја кај ти е позгодно.Можеш и oд lifeextension.com испракаат и во Мк.Тоа е дека твојот организам не ја преработува обичната фолна киселина,до соединението кога треба да ја апсорбира организмот.Па вака во метилирана форма,директно може да се апсорбира.Ништо страшно не се секирај.Исто можеш и метилирана б12 некои викаат немора метилирана некој дека подобро метилирана,различни мислења има за б12.
Девојки не бидете напнати секој е различен и јас пред Лазаревски одев кај Петановски па не ми остави некој впечаток а на дрТрајковски зборовите од уста му ги вадев и си реков Ерика ништо ти не правиш вака.Кај Лазаревски одам 10 години и имам доверба во него.Како што тука многумина и при пораѓај имаат убави искуства од одредени доктори некој не.
И јас сум со таква мутација и пијам 0,4 метилирана ете @bebaa пие 1мг затоа и реков секој е случај за себе. Јас сум кај Елена Петковиќ и сум презадоволна.
Извини ако ме сфати напнато, сум те цитирала тебе, затоа што само сум се надоврзала на муабетот, без посебна намера. Јас понекогаш имам впечаток дека речиси сите работат шаблонски, бидејќи на консултации сум била до сега кај 7 д-ри и само мал дел се издвојуваат со нешто плус. Доста искуство стекнав и со мавтање по д-ри околу инсеминациите, примав терапии, прегледи итн., како и со многу, мноогу читање по нетов, за жал понекогаш сами се едуцираме. Конкретно Ивановски не ме упати да испитам генетски мутации, туку ми правеше други филмови, прв пат овде најдов дека се испитува, а после и д-р ме упати.
Здраво на 15 ден испитав повторно преку крв бета е 908 нели е малку за тие денови ве молам за мислењеѕ
За генетските мутации 90% тука сами си бараме да не пратат.Обично докторите пракаат после повеке неуспешни инвитра.И јас сама побарав одкако прочитав овде,го прашав Лазаревски и ми рече,па можеш да провериш кариотип и вродена тромбофилија штом ти сакаш.И на повекето им е ставот дека скпро сите имаме такви мутации,ама ете кога имаш мака од се ке се пазиш. @bebule* јас мислам не е малку,и честитки со лесно цела бременост.Обично проверуваат по неколку дена пак,и треба да се дуплира со растењето.