So Gospot napred, septemvri i jas ke vi se pridruzam, togas mi paga datumot za pravo na povtorno apliciranje vo fondot. Sega pocnuvam da gi pribiram dokumentite Zaedno sme posilni
Моето инвитро го одложив за наесен. Ќе терам раат одмор и се молам да успее некако и без него зашто почнувам да се разочарувам. Иако одам во реномирана болница кај доктор "на глас", некако почнувам да губам доверба. Имам чувство како да им паѓа мрак кога ќе ме видат. Се' нешто гужва, се' нешто едвај да закажеш, ај одмарај овој циклус, па сега докторот е зафатен...Преку глава ми е веќе... Едвај се видов со докторот, па тој зборовите со клешта да му ги вадиш. Разбирам дека има гужва, ама очекувам пољубезен однос. Kолку само внимавам да не сум заморна. Абе, се испотепувам од брзање да се облечам, да не ги задржувам. Од што сум под стрес, заборавам и да прашам што ме интересира. Сестрата гледа набрзина да те испрати. Не знам, можеби и јас имам преголеми очекувања, ама овој негативен однос што почнувам да го градам мислам дека не е на арно. За успех треба позитивна мисла. Се расприкажав јас, ама еве ова ми е шанса да си олеснам на душата...
Боље е да не ставате улошки, туку често да менувате гаќи. Полесно се шират бактерии со секојдневните улошки, избегнувајте ги. Јас менував гаќи нон стоп. А џаре нема. Па после у бременост и бетер доаѓа, во прво тромесечје нон стоп само нешто тече. Наоружајте се со памучни гаќи и само менување
Jas stavav od onie medicinskite uloski so cist pamuk i mrezicka. Bez niv, prosto mi bese nevozmozno da funkcioniram.
@Proxima и мене некогаш ми е преку глава од цела таа гужва. Мислам прифаќаат многу повеќе пациенти од што имаат капацитет. 3 доктори толку може да постигнат.. И секогаш се нешто трчаат лево, десно сестрите, се некоја фрка е. И мене најмногу ме нервираше што таму во чекална, пред сите ти даваат документи на потпис, небаре сите треба да знаат се за тебе. Немаат една просторија за сестрите.
Да, во право си. Јас само ги менувам секојдневните и пак не бркаат работа. Не дека нешто абсорбираат, пак сум мокра.
Ма, да, хаотично е, тоа е. Од мака сите одиме таму. А, за (не)запазување на приватноста, друга приказна. Кога викаат на цел глас по име и раскажуваат процедури, дијагнози...И секогаш нервозни, нетрпеливи... Малку се разочарав што и докторот на мое прашање каков е планот, немаше детерминиран одговор. Може ваков протокол, може и онаков, што повторно се сведува на бирање на протокол во зависност од нивната расположивост, а не во зависност од потребите на пациентот. Со други зборови, како што веќе кажавме, третман со разни лекови, за да те ушалтаат во нивните распореди. Си велам да одам и на второ мислење, ама ај да преспијам прво. Денес сум уште под свежи импресии. А, за кринонот, можеби повеќе впиваат оние памучни влошки во мрежичка. Ем се природен материјал, ем можат и да се пеглаат што ќе му дојде како некоја стерилизација.
Да, памучните улошки се попаметна варијанта. само што мислиш пелени си облекол ))) А @Proxima ti kaj koj doktor si?
За тоа ушалтување во распоред јас сум убедена дека е така. Па ај ќе завршиш внатре, па ја чекаш сестрата уште едно 1ч да се ослободи за да ти каже што терапија имаш. Мора малку да се организираат. Може да напишат кратко упатсрво за пациентите, кога се почнува со терапија, што е битно за пункција и што треба после трансфер - храна, одмор, тушорање, лежење, што да очекуваш, болка во стомак, што е нормалнп, што не е... Ти денес се виде со докторот?
Точно, немаат упатства. А, баш денес најдов на интернет едно многу корисно упатство на 2-3 страни од една швајцарска болница од Берн во кое објаснуваат зошто е неопходно да се прават вирусните маркери за хепатити и ХИВ пред да се започне процедура за ивф. Вака, сите "гњавиме" со истите прашања, а тие само вртат нетрпеливо со очите. Да, денес се видов со него, чекав саат и пол за да влезам зашто не бев редовно закажана, туку инсистирав да ме примат. Кога се јавив кај сестрата да кажам дека сум добила после инсеминацијата и дека сакам термин за да се договориме што понатаму, ми рече да сум одмарала овој циклус. Едит. А, со "суви пари" плаќам. Спремна бев приватно да правам инвитро за што побрзо да завршам зашто немам време за чекање. Ама, сега веќе друг памет ми доаѓа, па ќе пробам да соберам документи и да поднесам за ваучер. И така имам време до есен.
Здраво девојки ве читам постојано ама еве денес сакав да прашам нешто која е дебелината на ендометриумот пред пункција и која големина треба да достигнат фоликулите пред пункција.Фала однапред и срекно на сите!!!
Тоа е фраза за "откачување". Небаре она решава дали ќе си на пауза или не. Мене еднаш проба да ме откачи, ама јас напорна бев Попладне кога сум била, скоро да нема никој. Еднаш и му бев последен пациент во 1.30. Незнам зошто се пикаат сабајле?! Единатвено предност ми е што имам специфично име, па кога и се јавувам одма знае која сум