Ако беа процентите вистински веќе темата ќе беше празна. За да се задржи бројот на пациенти, бидејќи има конкуренција мора да се воведува нешто ново. Од мое искуство (од се што стои во ценовник) ништо не ни беше понудено, така да оваа работа е малку повеќе лотарија. Само релаксирано и со среќа. Одлуката е твоја, оди кај доктор што ќе ти влее најмногу доверба
И јас се сомневам во процентите. За да бидат валидни податоците, треба да кажат кој е вкупниот број на пациенти и за колкав временски период е пресметката. Не е исто 50% од 100, 1000 или 10000 пациенти. На сета мака, кому му се важни некакви бројки.? Всушност, каде и да се отиде, шансите се 50/50; или ќе биде или не.
И јас мислам дека се е маркетинг, а за новиве методи не сум слушнала некој да има искуство, затоа и прашав. Демек вршат ДНА фрегментација на сперма за да елиминираат повеќе ризик-фактори, а дали е тоа така во пракса, останува отворено прашање.
@Недопирлива5 не знам дали им е новитет од скоро, ама кога минатото лето бевме во Плодност ни кажаа исто, дека прават одлична анализа на сперма каде ...бла бла... Ок, рековме сакаме. 9.000 денари и по резултатот ни рекоа: "аа вие сте за Инвитро" Ок, да знаевме дека сме за инвитро, затоа и бевме таму со ваучер во рака. Ни препорачаа мм да пие кондензил и ни кажаа дека сме губеле толку време по инсеминации, еве јас, Таше, со една реченица ќе напишев до фондот дека вие сте за инвитро. Не значи дека и вие исто како нас ќе поминете. По овој долг пат, 9.000 а биле а не биле. Мене во тој момент многу ми значеа, дека сите документи за ваучер што ги имав собрано ме коштаа некаде околку 150 евра (скоро се одев на државно) и сега само за еден спремограм платив толку. Ама ако главниот проблем и вас ви е машки стерилитет, пробајте, видејте. Секако најмногу ќе ви биде мака ако не пробате.
И мм пиеше долг период Кондензил, Трибестан и Проксид, ама резултатите беа исти, има добра бројка но, дијагнозата е олигоастено или олигоастенотерато, кога како, така да не знам дали оваа метода воопшто нешто може да смени, морфологијата и подвижноста се намалени, што значи у секој случај природниот начин на оплодување е отежнат.
@Недопирлива5 нешто слично како мм. Истата комбинација од терапии ја имаме во фиоката. Бројноста мала, морфологија лоша, но за Икси медота доволни се само неколку квалитетни сперматозиоди. Кај нас, се погодија двата и сега растат во меше. Во најбрзо време ви ја посакувам истата среќа и вам Ако ви тежи, направете ги тие испитувања, ама ако одите ивф, со мала бројност и лоша морфологија, мислам дека секако Икси ќе бидете, без разлика каква детална анализа да имате од спремограмот. Пак ќе кажам, ако ве копка, пробајте. Ќе споделиш искуство.
А вие во Плодност ли го правевте успешното ивф? Многу ми е мило кога ќе слушнам за упешна приказна! Со среќа и со лесно, да се гушкате со здрави и убави бебуши!
@Недопирлива5 не. второто ивф ми е успешно, од NewBorn. За првото ивф(Плодност) имав и лош квалитет на јајце клетки. Околностите беа такви. Ама никогаш не се знае. Зошто да не биде и на прва Секогаш постојат шанси за успех. Зошто да не бидеме ние тие позитивни примери.
Ништо девојки,не стигнав до трансфер... Малку чудно ми беше што извадија само 4 а на ехо претходно меревме 12 добри фоликули. Две од тие 4биле празни,две се оплодиле ама не се делеле правилно. Јас сум моментално во збунка со милион прашања. Генетски испитувања немаме правено... Биологот ми рече може треба да пробме на спонтан циклус...Давајте насоки што да испитувам
Како тоа тие 2 биле празни? Ако извадиле ј.клетки значи имало. Консултирај се со докторот обавезно. За мирна душа, појди уште денес/утре.
Така е, еден ден сите ќе успееме, јас бев во Њу Борн на консултација пред неколку години, ама кај Татјана, тогаш мислам дека не беше таму Трајковски и искрено, не ме увери да продолжам. Не е важно во која клиника/д-р, важно е да се успее. Дај Боже кај сите што побрзо, како е Господ, никој не е.
За подобрување на спермограм само хомеопатија му е мајката .Мислам и една членка @*Milicka* , кажа позитивно искуство дека му беше подобрен спермограмот,дури и бременост постигнаа,но за жал со спонтан.Извини мила што го користам твојот случај.А и ние сега пиеме такви капки,мм нема некој посебен проблем со спермата,не е катастрофа но ни најсјаен ама има пдобрување во либидото,а спермограм не сме провериле.Дека има пиено трибестан и тие капсули така му дејствуваа,ама кажува дека се нема осекано вака како со капкиве.Овие многу повеке му дејствуваат,а предпоставувам дека и спермограмот му е подобрен,баш ке го провериме нареден месец.
Точно знам мила како ти е.Ист случај како мене.Од 5 извадени само една се оплоди и на ден на трансвер,нема трансвер.ЗатоА го менав и сега сум кај Иваноски.