Вонтелесно оплодување

Дискусија во 'Бременост' започната од pozitiv, 30 ноември 2009.

?

Кој доктор е ваша препорака за ИВФ постапка?

  1. д-р С. Лазаревски (Систина)

    261 глас(а)
    15,2%
  2. д-р М. Ивановски (Систина)

    197 глас(а)
    11,5%
  3. д-р М. Поповиќ (Систина)

    59 глас(а)
    3,4%
  4. д-р С. Адамова (Систина)

    35 глас(а)
    2,0%
  5. д-р К. Кузеска (Систина)

    20 глас(а)
    1,2%
  6. д-р З. Петановски (Ремедика)

    99 глас(а)
    5,8%
  7. д-р М. Хаџи Лега (Ремедика)

    80 глас(а)
    4,7%
  8. д-р Г. Димитов (Ремедика)

    111 глас(а)
    6,5%
  9. д-р Т. Гуржанова (Њу Борн)

    107 глас(а)
    6,2%
  10. д-р В. Трајковски (Њу Борн)

    312 глас(а)
    18,2%
  11. д-р С. Сапунов (Санте Плус)

    8 глас(а)
    0,5%
  12. д-р Т. Трпчевски (Плодност)

    279 глас(а)
    16,3%
  13. д-р В. Органџиски (Органџиски)

    33 глас(а)
    1,9%
  14. д-р С. Органџиски (Органџиски)

    56 глас(а)
    3,3%
  15. ГАК (Сите доктори)

    48 глас(а)
    2,8%
  16. д-р Е. Исјанова (Ултрамедика)

    10 глас(а)
    0,6%
  1. Milicka*

    Milicka* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    1.009
    Допаѓања:
    2.589
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам на ЕМка , постапката се вика тесе или микро тесе, тесе е биопсија на тестиси каде вадат сперматозоиди од одредени места за кои се смета дека има јунаци, а микро тесе е поинванзивна се изведува со тотална анестезија , се отвараат тестисите и се бара квалитетен материјал кој ако го има се замрзнува, ова се прави во Систина и го изведува Александар Мицковски, во др клиники се изведува тесе , ете така :)
     
    На Capricorn Taurus, PrettyG, @nn@ и 5 други им се допаѓа ова.
  2. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    @PUPICA ти пишале девојчињата веќе. Нема откажување. Во ова време ќе се најде решение, нека не губат надеж.
    Само ќе додадам, доколку со ТЕСЕ не се најде јунак, можат да размислат и за донација на сперма, доколку кај жената се е во ред.
     
    На Capricorn Taurus, mac82, PUPICA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. bella.gk

    bella.gk Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    685
    Пол:
    Женски
    Девојки бев вчера на преглед кај др Трајковски , после неуспешно инвитро на 22 ден од циклусот, ме гледасше на ехо, сум имала здебелен ендотерм и ми кажа можно е да имаш и полип е сега стварно многу се разочарав а се спремав за трансфер со замрзнати на нареден циклус, ми кажа да испитам Д Димерии хемостаза за овие ми даде упат матичниот за трансфузиологија и TSH,T4 инсулин,и гликемија, бев кај матичниот гиниколог и ми рече да одам на интернист за да ми даде упат за испитување,бев кај матичниот за да ми даде упат за интернист ми вика оди во медика (струмица) на приватно секако интернистот ќе ти каже да ги испиташ на приватно, незнам после сево ова маткање од еден до др доктор, незнам дали имам сила сево ова да го издржам;(;(;(
     
  4. Недопирлива5

    Недопирлива5 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2017
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    3.774
    Пол:
    Женски
    Не се разочарувај душо, никогаш не губи надеж, тие се рутински испитувања, што сите ги правиме, ќе отидеш на Трансфузија ќе ги испиташ вредностите за кои те упатил докторот, а ако сметаат дека треба нешто плус, ќе ти допише д-р на Трансфузија, откако ќе му кажеш зошто ги правиш испитувањата. Резултатите ќе бидат готови за 7-10 дена, а за хормонските испитувања, можеш во било која лабораторија, кај што вршат вакви испитувања. Не се секирај, ништо страшно, и јас испитував минатиот месец, трчкав натака-навака, ама завршив. Се е решливо и надминливо, нема потреба од губење надеж. :*

    Tсх, Т4, гликемија..., се испитуваат и со упат од матичен, не мора приватно.
     
    Последна измена од модератор: 5 октомври 2017
    На Momichka, bella.gk и Milicka* им се допаѓа ова.
  5. bella.gk

    bella.gk Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    685
    Пол:
    Женски
    Благодарм мила на советите,ќе одам пак кај матичниот лекар да ми закаже.поздрав
     
    На Недопирлива5 и Milicka* им се допаѓа ова.
  6. Feya

    Feya Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    437
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки. Ве следам некое време но прв пат пишувам. Вашата поддршка во оваа група е незаменлива.
    Ве молам за совет, мислење од оние поискусните со проблем како мојот,
    Направени се 2 ифв во систина кај др.поповиќ. На 1-вото извадени 14 ј.к оплодени само 2 и двете вратени со негативен резултат. На 2-рото извадени 19 ј.к оплодени 4, вратени 2 другите 2 не се развивале добро не ми препорачаа замрзнување и повторно негативен резултат.

    Хормоните- за 2те ивф одлични
    Брисеви и пап одлични
    Хсг со проодни канали и мал септум отстранет со хистероскопија после 1во ивф.
    Д димери и хемостаза нормални
    Витамин Д и Б 12 во нормала
    ХЛА поклопување во 3 од 8 тоа било поради исто национално
    потекло, како лошо се рачунало над 50%
    Автопротивдела направени на имунологија во граници. АФА раздвоено во граници.
    Мутации кај мене хомозигот на МТХФР C677T само на тој останатите нормални. Дадена терапија Б6, Б12 и фолна 800.

    Спермограмот е променлив: астенотерато, па нормо, па астенозоо, па нормозооспермија за 2рото ивф.

    Извинете за долгиот пост
     
  7. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.205
    Пол:
    Женски
    A primase li nesto terapija za poklopuvanjeto ili ne
     
    На Feya му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Смени го докторот. Боцкаше клексани во текот на постапката?
     
    На lalapo, Feya и emkaemka им се допаѓа ова.
  9. Feya

    Feya Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    437
    Пол:
    Женски
    Не примав терапија за ХЛА. Бев кај др. Дејан Трајков. Тој го препорача ова испитување рече дека тоа било нормално тој ги гледаше резултатите. Рече дека тоа не се сметало рако роднинско поклопување туку поради македонското потекло на двајцата. Неговото е струмичко моето охридско така да не сме роднини
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  10. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.973
    Допаѓања:
    112.462
    Пол:
    Женски
    @Feya одма да смениш доктор!!!

    Аман веќе од 14јк едвај 2добри и оп вината твоја е или последното стара си на 32години па затоа :|
     
    На pile30, lalapo, podravka и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Feya

    Feya Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    437
    Пол:
    Женски
    На 1вото ивф немав направено дополнителни испитувања. Примав утрогестан 3×200, прегназон и аспирин.

    На 2рото ивф примав утрогестан, фраксипарин, пролутекс, естрофем, декортин, прегназон и аспирин

    И за двете ивф бев третирана со супрефакт 0,5 па 0,3 и фостимон 3 за првото ифв 9 дена фостимон, а за второто 10 дена. Пи долг протокол и за 2те претходно со микрогинон
     
  12. Ivuska31

    Ivuska31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2017
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    351
    Пол:
    Женски
    Мора и јас да се надоврзам... цела ноќ си барам грешка во мене ама пак не ми иде во глава. Кај мене не ни извадија 14, а имав 14 водечки фоликули на ехо и 4-5 помали кои не ги ни меревме , ТЕЖОК БИЛ ПРИСТАПОТ ДО ЈК, стварно не ми е јасно што значи тоа. со одличен естрадиол на последна контрола само 4 јк извадија од кои 2 празни, а две со послаб квалитет. Ни тоа не го разбирам еве сега се обидувам да се едуцирам малку повеќе по стански сајтови. Индиректно и јас на 31 година со одлични резерви на јк сум стара. не знам што да кажам. Инаку и јас бев кај истиот доктор како и ти @Feya . Не сме правеле генетски и имунолошки испитувања ама и тоа ќе го направам за мирна душа. Бев подготвена и на негативен резултат нормално, ама барем бев сигурна дека ќе стинам до трансфер затоа што сите резултати ни беа одлични, ова вчера ми беше шок. Извинете на долгиов пост ама само на форумов можам да се искажам и сите да ми ја разберат болката.
     
    На Momichka, lalapo, emkaemka и 2 други им се допаѓа ова.
  13. kostarika

    kostarika Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    1.632
    Допаѓања:
    2.128
    Ako bile vo Bugarija ,tie se isto gjubre kako nasive .
    Neka probaat Turcija i Praga.
     
    Последна измена: 5 октомври 2017
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Feya

    Feya Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    437
    Пол:
    Женски
    Читав дека на една членка дека на 32 и кажале дека е стара. Кај мене не беше таков случај и докторот и ембриологот повторуваа млада е, млада е. Лично мене не ми префрлиле вина за неуспехот.
    Но јас незнам што да мислам и каде да ги барам причините за неуспех, бидејќи сметам дека мојата здравствена состојба за 2рото ивф беше во ред со се испитано и се во граници освен мтхфр за што бев соодветно третирана со б6, б12 и метилирана фолна. Др. Трајков рече немало потреба од клексан тромбоцити, д димери и хемостаза се супер
     
    На Недопирлива5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    @Feya тогаш не ти е темпирана убаво терапијата. Пробај кај друг доктор, најискрено го мислам ова.

    @Ivuska31 фоликули може да се празни, а не и ј.клетки. Ако ти кажале 4 извадиле, тогаш 4 ј.клетки требало да има за оплодување.
     
    На Momichka, lalapo, Feya и 4 други им се допаѓа ова.
  16. mac82

    mac82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2017
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    2.769
    Пол:
    Женски
    Ако FSH е во нормални граници може да се стимулира со инекции, а ако не ке треба да се прави оперативна постапка и да се извади материјал директно од тестикуларно ткиво. Да се направи консултација со др Александар Мицковски во Систина со претходно направен хормонски стаус за мажот. Позз
     
    На lalapo, kukla21 и Milicka* им се допаѓа ова.
  17. Недопирлива5

    Недопирлива5 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2017
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    3.774
    Пол:
    Женски
    И јас имам мутација на МТФХР 677 хомозигот и д-р Јани ми рече откако ќе останам бремена да боцкам Клексан и да почнам одма со Метил фолат 800 мг. дневно и Аспирин секој втор ден. Уште не сум почнала со терапија, ја чекам фолната од Бугарија.
     
    На Feya му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Feya

    Feya Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    437
    Пол:
    Женски
    Не знам што да кажам за терапијата. Таа даде добар број на ј.к и кога го прашував и ембриологот никој не рече дека се со лош квалитет туку ми рекоа дека се со добар квалитет.
    И спермограмот на 2рото ивф беше подобар 20мил. по обработка. На првото беше 15 мил. По обработка. Мм нема проблем со бројноста туку малку со подвижноста како што кажав претходно спермограмот му варира.
    Од испитувања ми остана само кариотип бидејќи никако неможев да начекам термин. Еве уште тоа ќе го направиме на приватно во систина бидејќи не се снајдовме со мој термин.
    Може би ќе пробам на природен циклус уште тоа остана друго незнам што да пробувам и испитувам ако имате идеја кажете

    За жал кај мене никако да дојде до бременост. Тоа е проблемот никогаш не сум останала бремена. Правев 4 инсеминации и 2 ифв. Резултатите на двајцата ни се добри малку спермограмот варира. Јас имам редовен циклус и редовно си го имам фоликулот но никако не сака ни природно ни вештачки.

    По трансферот за 2рото ивф бев третирана со аспирин и фраксипарин колку што разбирам тоа е горе долу исто, но никако да забременам. Камо да забременам ќе примам клексан ако ми препорача доктор.
    Иначе метилирана фолна од 800 примам 4-5 месеци пред второто ивф и уште примам заедно со Б6 и Б12 така ми препорача доктор трајков
     
    Последна измена од модератор: 5 октомври 2017
  19. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.973
    Допаѓања:
    112.462
    Пол:
    Женски
    @Feya на која директно, на која индиректно и е кажано, ама причина е она, да видам не би поверувала дека било кој доктор би си признал вината!

    Лош тајминг на пункција е резултатот на твојата ситуација со мал број на извадени јк и ништо повеќе и секако можно е и утната шема на терапија, доза.
    Околу оплодувањето исто е битно со која метода ги оплодувале.

    ^^ исто како и кај тебе @Ivuska31

    ---------------------------------

    Небитно од темава, но имам приметено дека добар дел од членкиве се ,,врзани,, за одреден доктор, слепо веруваат во него и одат со мислата дека тој се прави за нивниот успех (камо и јас да не се вбројував во оваа група :envy:).
    А додека пак добар дел од членките ,,експериментираат,, не знам која членка беше, но убаво имаше напишано, од мене има една до две шанси најмногу, после си барам чарето на друго место, плус па ако гледам дека исти шеми ми води и пристап одма мењам, немам јас години за губење!
     
    На 0ли, Ano, Momichka и 10 други им се допаѓа ова.
  20. @nn@

    @nn@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2015
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.108
    Пол:
    Женски
    @kostarika мила, премногу ги пропагираш Турција, Прага и сл, упорно, цело време.
    Ај што ги пропагираш, мислам дека не е во ред погрдно да се изразуваш за нашите доктори - ѓубре и сл.

    Еден куп жени овде се останати бремени од нашите доктори и сигурно не се сложуваат да даваш такви квалификации, друго - еден куп се веќе во процедура и погрдни зборови за докторите не ти се на место.
     
    На 0ли, kostarika, nadine и 6 други им се допаѓа ова.