Јас бев кај Димитров со стимулација со Пурегон. Не сум сигурна дека форсира само еден вид стимулација.
m.i.l.e.n.a Ако мислиш за Неофолик Мета, од 0.4 мг, метил фолат, ги има во Бугарија, Софија, на Неофарм се.
Јас пред 2 нед купив инофолик од Врање, најблиску ми беше, околу 1300 динари 1 пакување со 20 кесички
Да ти кажам право нез кој е прозводител, го читав и на англиски сајт, ама го најдов и на Српски, е сега нез дал е истиот не сум проверила... Мојов е од Лоли фарм...
Фала ти мила, ко што читам, овој препарат најмногу се препорачива за ПЦОС, регулирање на циклус, на хормонален статус и подобрување на квалитетот на ј.к. Не пишува фолната дали е метилирана, ама изгледа не е.
Добредојдов во клубот , ги набавив и почнав да пијам, само не сум почнала уште со Аспиринот, иако д-р Јани ми рече секој втор ден, па ќе видам. Убави девојки, имам едно прашање, ако те вратат за инсеминација од ФЗОМ, дали има рок во кој треба да ја направиш и да доставиш извештај?
Нема рок барем мене не ми поставија таков рок. Мене ме вратија за уште една инсеминација и ја направив веднаш пред истечат 6 месеци од брисеви, хормони, хив и хепатит и т.н. бидејќи во болницата кога ќе правиш ивф ќе ти ги бараат овие анализи не постари од 6 месеци. Ако ти изминат 6-те месеци од анализите со кои си аплицирала во фзо ќе треба да си направиш нови анализи. Барем јас така направив бидејќи и онака не се надевав на инсеминацијата многу.
А откако ќе доставиш извештај и за таа инсеминација, за колку време одобруваат и дали стриктно бараат 4 инсеминации?