Маци,штом почнеш со микрогинон, на 14 ден ќе те викне Сашка за ехо и тогаш др ќе ти направи скречинг. Вака ми беше мене кажано кога бев на преглед. Со леснооооо
Аааа значи затоа Митко ми напиша рецепта за микрогинон и ми кажа кога ќе се договориме ќе почнеш да ги пиеш од втор ден од циклус. Фала ти
Некаде околу 13-14 ден одиш на ехо и договарате скречинг. Најчесто после една недела, 10тина дена. Со лесно и пиј си едно венторче пред тоа
Зарем и ХСГ треба да се прави ново, дури и ако ти се затнати каналите? Па ваљда не очекуваат дека ќе се одзатнат за 6 месеци.
Не. ХСГ си е едно. Нема да ти бараат ново. Meckicja на своја рака/или со договор на лекар си правеше ново ХСГ а не по барање на фонд.
Јас пијам од истите, и тоа 4 на ден (2х2). И кај мене е ниско нивото на вит. Д. Оваа доза ми е по препорака од Др. Со едно на ден мислам дека нема да имаш некаков ефект.
Се смета доколку нивото на вит д е над 20 се зголемуваат шансите за имплантација, но и за добивање на квалитетни ј.к и ембриони понатаму. Инаку во мојот случај е даден д вит заради претходно 2 неуспешни ивф (настана оплодување, но не и имплантирање). Најдов и нешто на нет... http://www.medscape.com/viewarticle/830022
Кај мене испитувањето на Д витамин го предложи др. Дејан Трајков кога отидов на Имунологија да правам дополнителни испитувања за моето 1-во и неуспешно ивф. Ми даде капки Вигантол бидејќи излезе дека ми е низок Витаминот Д. Примав 2 месеци по 2 капки на ден или околу 15 капки неделно- не повеќе. За второто ивф Д витаминот ми беше супер подобрен, но за жал пак беше неуспешно.
30750 во њу борн на скроз природен циклус,јас платив 12000 само за пункцијата зашто не стигнав до крај,фоликулот беше празен