И јас планирам да испитам вит. Д, не ми се малтретира на клиника, планирам во Авицена, ама сепак ќе треба доктор да ми одреди терапија, доколку се испостави дека има потреба, затоа се мислам каде да испитам.
На Клиничка биохемија одма ќе завршиш работа, само ако имаат реагенси, со упат од матичен гинеколог. Најдобри се за такви специфични параметри.
Девојки, и ние се решивме на ин витро на природен циклус месецов. Вчера бев кај Петановски, едно мало фоликулче чекаме да видиме дал ќе порасне до петок. Во петок пак ќе види, ако е добро, во понеделник ќе праи...Не сакам месецов да ми пропадне, па ако не дај боже не биде, бар како инсеминација за ваучер... не пијам ништо, ми вика може да ти дадам, ама ајде на скроз природно. Вика или одиме вака или како класично ин витро. Влеговме со маж ми кај него, мислиш пред бесилка . Вака ми се свиѓа, ептен не опушти... Sorry за долгиов пост, ама ве читам редовно и мислам само вие може да опуштите човек
А дали може со упат од општ матичен лекар? Така треба, само позитивно и опуштено, со убава мисла и мора да има успех, и јас порано одев цела стресирана на преглед, ама тоа зависи и од д-рот и од личното искуство, бевме тазе и неупатени, сега е веќе нешто друго... Сами на себе најмногу можеме да си влијаеме, а евидентна е и поддршката овде, сите сме заедно со иста цел!
И јас пак месецов на природен. Денеска бев, фоликулот 13мм, треба да се следи уште некој ден. Колкав беше твојот? Многу ме интересира како ги темпираат пункциите и другите доктори. И јас дури сега после 6 месеци одење секои две недели малку се опуштив. Форумов е голема поддршка
Не ми ни кажа колку е, само дека е малецок уште и до петок би требало да порасне. Баш ќе ти кажам во петок дал пораснал . Кај кој др си ти?
Стварно ако не беше форумот ќе бев како загубена! Многу корисни информации, совети, поддршка... Заедно сме посилни, похрабри и поистрајни
Moze i so upat od internist da se ispita vitamin D. Da glasi upatot do klinicka biohemija. Jas taka ispitivav dva pati.
Дали некој може да ми даде број да закажам кај Димитров затоа што тој не крева, број од сестра или од Ремедика. Поздрав
Можеш и во хемолаб да исапиташ, таму докторот ќе ти пише и доза. Околу 1500 беше порано... сега не знам какви се цените.
Еве од сестрите: Спојлер сестра Данче 072443223 сестра Тања 072443136 Девојки, дали може да ми одговори некоја од вас што имала искуство со долг протокол со Микрогинон? Ги пијам од 4ти ден на циклус, денес ми е 16ти ден, а пред 2 дена почнав да крварам и сеуште трае крварењето. Отидов веднаш кај докторот и тој рече дена е нормална таквата реакција на организмот на контрацептивите и да продолжам да ги пијам. На 20ти ден од цуклис треба да одам да ме види и најверојано ќе ми даде инекции. Ве молам споделете искуство дали сте имале крварење или други контраиндикации од Микрогинонот.
За клиничка биохемија - треба упат од матичен гинеколог или трансфузиолог, а мислам дека и на ендокринологија испитуваат исто вит Д. На биохемија добиваш само резултат, а на ендокринологија мислам дека кажуваа совет за суплемент. За на приватно можеш било каде, само разликата е во тоа што во хемолаб ќе добиеш извештај со препорака за суплемент по колку пати, и кога на контрола да одиш. Одамна не сум го испитала на државно, овие информации ми се од лани преклани.
Фала ти мила, сега прашав, 1500 ден. е се уште. Девојки, кои суплементи ги комбинирате со Овунорм? Не ги содржат сите потребни витамини и минерали, така што мора да има дополнување. Сега анализирав содржина на речиси сите (Премама, Прегназон, Фемибион 1, Прегнакеар) и некако највише ми се комбинираат со Фемибион1 и со Премама. Ниеден препарат не ги содржи сите потребни.., затоа мора да се комбинираат. Што мислите за ова?