Форумов е место, кај што се ослободуваме од секаква тензија, споделувајќи искуства, давајќи си совети и поддршка. Ваквото групно соединување на луѓе со исти проблеми и иста цел, помага полесно да го прифатиме проблемот како реалност, позитивно влијае на психата на идивидуата и дава морал за понатамошна акција се до реализација на крајната цел! Сите за еден, еден за сите!!! Ве сите! music:
Девојки убави, и мене закажано пункција во понеделник на природен циклус. Се надевам се ќе биде како што треба (лево око ми игра цела недела, или ќе е на арно или не ). Поздрав до сите
Со успех и со лесно душо, не го мисли окото, тоа е нерв, мисли позитивно, без суеверие, Господ е Голем, да е со тебе!
Проверив Естрадиол денес, но некако низок не е за 11-ти ден? На трет ден 50.7 ми бил. Ве молам за мислење.