Жени ај да ве прашам,имате ли пмс болни и подуени гради?Јас одсекогаш го имав овој симптом,арно ама со другарки кога сум разговарала нив градите им спласнувале пред да им дојде,а мене ме болат и се подуени и првиот и вториот ден.Хормони кога сум проверувала во ред биле сега ме буни ова во последно време ми се мота прашањево зошто е така кај мене.Кај вас како е?
Мене ми спласнуваа пред добивање. Така знаев кога да очекувам. Другарка ми па од друга страна има болни гради откако ќе добие. Се е индивидуално.
Зависи, кај сите е различно, кај мене конкретно, не се исти симптомите секогаш, некогаш имам подуени гради, некогаш не... Секој циклус не е ист организмот и воопшто плодноста..., па можеби и затоа е така. Понекогаш се менува и самиот организам, како и да е, мислам дека е нормално и природно кај тебе што е така.
Кај мене пак градите почнуваат да ме болат некаде на средина на циклусот и некогаш ме болат дуре не добијам а, по некогаш престануваат пред да добијам.Некогаш пак никогаш не ме болат ни пред да добијам ни после.
Исто и мене ми е вака во последно време и затоа не се ни трудам да им го најдам крајот Утре треба да се боцнам со Цетротид и со Прегнил. Се боцкал некој сам со овие? Ми рекоа исто како со Мерионал што се боцкам така и со овие.
Цетротид во стомак, а прегнил зависи. Тој се става мускулно, но може и во стомак. Боцни се така како што ти кажале. Значи се ближи пункцијата
Се ближи, се надевам пункција Треба да проверам повторно Естрадиол, па ќе одлучиме дали пункција или инсеминација. Ме фаќа некоја возбуда Ме интересира дали после анестезијата си способен да одиш на работа или да земам слободен ден треба? Дали ќе можам сама да возам? И колку време одзема целата процедура, колку време се лежи во болницата? Дали на нешто треба да обрнам внимание?
Јас колку што знам, после анестезија не се препорачува возење кола. Брзо ќе се освестиш, за неколку минути после боцкањето, остануваш околу 2 часа и те пуштаат. Не е страшно.
Како што ти кажаа интервенцијата е 10тина минути, и се будиш во соба, ама уште два часа лежиш и примаш инфузии. Јас добро ги поднесов анестезиите двата пати, ама некои осеќаат зашеметеност. Попаметно ти е да си земеш ден и обавезно некој да те вози. Стискам палци за убави ј.к. и да се радуваме со тебе за 15-тина дена
Фала, ништо од Димитров веке во ноември има термини слободни. И одлучив не одам веке никаде наредната ивф на приватно ке го правам во Турска. Поздрав Добар ден девојки, едно прашање имам , мене денеска ми 16 ден од циклусот од неуспешното ивф ама денеска пак добив циклус, и се јавив на докторката таа рече дека е од хормоните. Вие што мислите дали и се случи на некоја од вас ова ве прашувам затоа што првиот пат кога добив вака рано завршив во операциона сала со ексаутерина, ова ми е втор пат да добивам толку рано. Поздрав