Девојки дали може ембрионот да не се имплантира поради високиот пролактин?? Тие две работи се поврзани или пролактинот е битен само до фазата на пункција на фоликулите?
И покрај тоа што не е сеедно душо, пробај да не се стресираш, чувај си ја енергијата.., секогаш има следен пат, мора да бидеме силни! Те гушкам! hug:
Благодарам што помисли на мене Но денес немам пункција, уште не ми е ништо закажано. Жал ми е Но нема откажување, колку и да е тешко, нели? Ќе биде како што треба, не грижи се Естрадиолот пред пункција колку ти беше?
Да не сум те измешала со друга феминка, ама се мислам дека за понеделник ни пиша за пункција, па затоа и ти посакав среќичка. Како и да е, со добра мисла бев!
Жал ми е Но нема откажување, колку и да е тешко, нели? Ќе биде како што треба, не грижи се Естрадиолот пред пункција колку ти беше?[/QUOTE] Не ми мереа... тука сум збунка, зошто не ми мереа? Сабајле пред да правиме ме виде на ехо, тука беше фоликулчето, ама празно... Тоа е, нареден месец повеќе среќа, ама здравје со стимулација.
Знам како се чувствуваш, поминав низ тоа....со стимулации, а празни фоликули. Ќе помине мила, кога ќе дојде времето за бебе ќе ти даде Господ. Си знае тој. Кога најмалку очекуваш ќе се случи.
Не мора секогаш да се мери естрадиол, се зависи од докторот и неговото искуство. Каде ја правеше пункцијата?[/QUOTE] Кај Петановски Ремедика. Ми беше чуден на почетокот, ама сега ми е врв, и покрај се знае да ме опушти и некако ептен ми се свиѓа... и директно ми кажува што како, нема вртење одоколу...
Здраво Девојчиња Долго време ве следам и решив конечно и јас да ви се приклучам.Правев второ инвитро кај Др.Поповиќ вративме 2 ембриона,денес ми е 13 ден од трансвер за неполни два дена треба тест да правам и незнам како ќе издржам паники почнаа да ме факаат имам типични ПМС симптоми како слаби менструални болки,болка во градите која како да почнува да се намалува денес незнам веќе што да мислам последните неколку дена дефинитивно ми се најтешки од целиот процес.
Прекрасна ти е мислата! Бев на ехо, тука си се фоликулите, вчера вечерта се боцнав со Прегнил и со Цетротид. Сабајлево естрадиолот ми беше 290 pg/mL (петокот беше 131). @strunfeta06 ти посакувам висока бета и симптомите да не се ПМС туку труднички!
Направи дома тест, не се измачувај. Кај Петановски Ремедика. Ми беше чуден на почетокот, ама сега ми е врв, и покрај се знае да ме опушти и некако ептен ми се свиѓа... и директно ми кажува што како, нема вртење одоколу...[/QUOTE] И јас еднаш правев пинкција кај него и не ми побара естрадиол. Таков му е начинот на работа. Со лесно следниот пат!
@strunfeta06 Слободно направи тест, не се мачи. Јас на 13 ден од трансфер на 2 ден правев тест преку крв. И истиот ден преку урина само за да ги видам фамозните 2 црти. И ги имав истите симптоми за ПМС. Со среќа!
Решив да чекам до Среда за тест ама ќе видиме колку ке издржам како и да е ви благодарам на подршката и секако ќе ве известам за резултатот.
Браво за тебе што можеш до среда да издржиш. Јас домашен тест правев на 8 ден а тест преку крв на 13 ден така незнам што чекаш ама ти си знаеш најубаво. Ти посакувам позитивен тест.
Девојки поздрав! Прашање до феминките со мешковци-до кога одевте на преглед кај докторот кој ви правеше инвитро??? Кој ви го правеше првиот скрининг? Дали паралелно ја водевте бременоста и кај матичниот или таму само извештаи носевте????