И јас така и најавив на матичната,ама ме интересира за првиот скрининг,кај кого го правеше,до кога те следи докторот кој ти правел инвитро,дали само тој тте следи до одредено време или паралелно закажуваш и кај Димчев на пример за прв скрининг?????
Тоа зависи од самиот доктор. Кај кој доктор правеше ивф? Мене скрининг ми правеше Ивановски. Не бев кај Димчев. Само на ехо на срценце бев кај Дамески.
Немој мила да се сеќираш. Јас минатиот месец имав два фоликули и двата празни. Чувај си ги нервите за следниот успешен обид. Јас денеска имам убави вести. Оплодена е јајце клетката. Ми рекоа утре ќе ме бараат за да ми прецизираат околу трансфер во среда. Сега почнаа некои филмови лоши дека утре нешто ќе се случи. Тоа од трауми.
Прекрасна вест! Сега да си се врати во меше и да си седи 9 месеци Батали лоши мисли, сега треба да си позитивна
Леле, ја те имам измешано со Оли и наместо тебе, и пишав нејзе за денеска за пункција, за да посакам среќичка, ама збунка... Како помина на пункција, душо? Со успех и полно меше, ти испраќам среќичка!
Фала ви! Вчера ми пунктираа фоликул на спонтан. Најдоа јајце клетка, се оплодила денес ми јавија, и сега стискам палци да расте и утре да ми закажат трансфер за среда. Ми рекоа среда трансфер - трет ден.
Девојки здраво! Некој да ми каже каде да направам 2д 4д ехо, ама на приватно.Последиот пат чекав во ГАК цел ден и не ме примија.Ми бараат од фондот...Фала
Jas pravev na gak pred 1 Ned ama prvo se dogovoriv so Dr TRAJANOVA mi rece. na 21 den da odam od ciklusot I taka I bese najubavo bilo na 21 den od ciklusot da se prave 2 i4 d eho ]
Не мора на 21 ден.. Можда е подобро како што пишаа овде, ама досега мене ниеден доктор не ми потенцирал, а сум правела 5-6 пати минимум, и приватно и државно
Препорачуваат да е втора половина од циклус(после овулација), ама не е задолжително така. Не се секирај, прави го кога ти одговара
Да се пофалам, бевме со мм денес во Систина на контрола, видовме две ембриончиња, едното е 7+1(1.11см), другото 6+6 (0.91), и двете срценца си тропкаа, едното 144, другото 148. Маж ми како зелен се смееше од уво до уво. Хахаха... Дај боже така да си остане! Ми рече следен пат кај нејзе на скрининг 12 недела, а во меѓувреме кај матичниот ако сакам, да си завршам брисеви и сл. Вие цело време по ИВФ си одевте на контроли и кај докторот што ви правел ИВФ? Поздрав!
Честитики,со лесно.Чувството е прекрасно,маж ми пушти и некоја солза.Кај кој доктор си во Систина? Јас треба следна недела на ехо ама не знам дали тоа ќе биде прв скрининг-тогаш ќе бидам 11+6.
@K!k!k0k0s Кај Адамоска сум. Матичниот Коруноски ми спомна можело и кај него да си терам..ама до 12 недела не би ризикувала, сепак уште терапија примам.
Честиткии! Лесна и школска бременост да имаш и да се гушкате со бебушите кога ќе дојде терминот! Се прерадував, ова ми дава надеж дека еден ден сите ќе успееме!