Драги, утре трансфер Ако имате совет за чекањето после, пишете ми (храна, одмор, било што). Минатиот пат бев активна и беше неуспешно (идев на работа, имав кратки прошетки...) Не знам може овој пат треба да пробам помирно...или па едноставно да не се замарам?
Не се замарај,кај мене беше обратно,на првиот обид со лежење-убиствено...пазење и ништо.Вториот пат одев на работа после три дена од трансфер.Нема правила.Мислам дека ако треба да биде ќе биде,секако да не одиме во крајности да креваш тешко,и да претеруваш во се.Мислам дека три дена се доста лежење,а потоа се умерено и најважното-ПОЗИТИВНА МИСЛА.Ти посакувам се најубаво и во најбрзо време да се радуваш.
Супер сме. Користиме убаво време за прошетки, а остатокот од времето за гушкање.. За исхрана незнам колку има врска ама јас практикував протеинска исхрана, помалку скроб (ориз, компир), помалку бело брашно, повеќе зеленчук и овошје. За движењето слушај си го телото. Првиот пат бев закована за кревет па не беше успешно. Вториот пат повеќе одмор првите три дена после тоа прошетував иако беше сред зима, ама едноставно имав потреба. На работа не би одела јас лично заради стресот и заради тоа шти си врзан 8-9часа, а дома сама си го организираш времето. Со лесно и опуштено
Честитки!!Колку убаво да ти ги чува Господ и двете срциња во меше девет месеци после полни две раце со бебуши.
Јас на боледување бев (и уште сум додуше). Првиот ден-ден на трансфер лежење, наредните 2 дена одмор по дома со серии гледање, после си уживав .. низ двор се занимавав, се шетав низ град, втората недела на село отидов неколку дена на воздух.. активен одмор. Од исхрана многу течности, овошје, зеленчук и протеини. Единствена слабост ми беше и сеуште ми е сладолед (хамбургер од 7ца хаха ама тоа ретко).
Браво!Со среќа ннека ти е,па за две недели да имаш висока бета Аииии колку убаво!Јас имам брат близнак и сестра поголема од нас 3 години,кај нас генетски секое колено има близнаци,па сестра ми си остана бремена уште од прв обид со машко и женско,ене ги сега 4години да ги изедеш!Муабетот ми беше нема поубава и посилна врска од таа.Со среќа нека е и со лесно!
После трансферот, земи си помфрит. Тоа го читам често во американските групи, јадат помфрит од Mc Donalds. Протеинска храна, зеленчук и овошје, особено ананас и калинки. Подобро да си бидеш дома, опуштено, со прошетки. Ќе го избегнеш стресот на работа.
Убавини! Честитки, многу убаво! Уживај си во бременоста, со убаво да си оди се'! Утре полно меше само за галење Релаксирано и ќе биде се' во ред! Мојата пункција не бидна, фоликулите беа прснати, па правевме инсеминација.
@0ли Ти благодарам многу! Жал ми е што немаше пункција, ама нели имаше убави фоликулчиња, така што убави шанси со инсеминација. Ајде со убаво да биде!
Не е исклучен успех и со инсеминација, никогаш не се знае, штом имало убави фоликули, ќе очекуваме радосни вести. Со успех и радост!
Оли мила, извини, ми се мешаат приказните малку. На спонтан циклус беше или стимулиран циклус? (Извини за прашањето, ама да не се враќам по нишките наназад - пробав ама не најдов брзо)) - ти посакувам многу среќа!
Спонтан стимулиран Од трет ден од циклус пиев Летрозол пет дена, па од осми ден боцкав по еден Мерионал вкупно пет дена.
@DuchessAnn честитки и со лес! @joan среќно утре и опуштено без замарање, прави како што ти вели интуицијата!