Девојки денес закажавме скречинг, Сашка ме закажа за 2 ноември, па тогаш и ќе се договориме околу ивф и ќе ми ја дадат терапијата. Ептен сум нестрплива
Дај кажувај како е оти се заборавив да прашам...ќе биде со анестезија? Колку кошта? @kukla21 запамтив само дека ми кажа ти да се напијам вентор
Ќе стегнам заби, се за бебе. Додуша и висок ми е прагот на толеранција за болка Ама најверојатно и ваквите ситуации ме исчеличиле... Само за убаво нека е !Тнх за одговорите
Дали во Систина има трансфузиолог? Сакам да одам на уште едно мисење на некој што не е од државниве трансфузиологии, не мора да е систина, може и некоја друга приватна устанува. Дали имате некое искуство со ова?
за болести на крвта, за кои трба консултација со трансфузиолог, ми треба уште едно мислење. така нешто
те читам и ко себе да се видов и јас кај човеков се заборавам да прашам едноставно ко да те маѓепсува толку е забавен, интересен и знае да те опушти што се изумуваш да прашаш ...јас излегувам и викам еј ова не прашав еј она хахаха закон е Ивановски, стално искачам со некоја дешавка од кај него
Ама затоа се што ќе заборавам прашувам на мејл и секогаш ми одговара, доктор за поздрав заради однесувањето, професионалноста и ангажирањето! Толку се чувствувам пријатно овојпат, не можам да ви опишам, за убаво нека е.
да исто и јас али јас на вибер му пишувам и стално ми одговара ...баш е човечен го обожавам јас.. нека успееме има да го благословувам цел живот, за арно само нека е
Девојчиња се исплатеше чекањето до 15 ден од трансвер Тест позитивен Бета 1322 јас сум во облаци и уште не сум свесна дека ова мене ми се случува на сите што сте во исчекување ви ја посакувам оваа среќа од срце