Драга Оли, подобра сум, фала. Но почнав да се занимавам повеќе со работи, зошто очигледно кога се "релаксирам" мислам само на исходот. Тоа што сабајле направив тест не иде во прилог на тоа дека сум подобра хахааа но ете, лудости и глупости. И ми покажа позитивно толку е рано што веројатно е ХЦГто од Овидрелот. Стварно не знам што ми е овој пат, како мало бебе.
Прерано е, 6-7 ден од трансфер, 11 од тригер инекцијата. Неразумно е ова што го правам, знам. Во секој случај пријатно е да видиш втора линија по прв пат во животот. Никогаш не сум видела како тоа изгледа
Нормално е да си нестрплива. Па, не можеш да го избришеш фактот дека очекуваш, не е ништо неразумно. А мора сите да се обидуваат да си го олеснат чекањето, да се занимаваат со нешто за да помине времето. Посакувам втората црта да е тоа-тоа!
Не е неразумно . 7ми ден после 3 ден од трансфер може да се прави тест. Повтори и утре, задутре, а можеш и преку крв за 2-3 дена. Не се држи во неизвесност
Да, во суштина се занимавам, ова со тестот ми беше единствен момент на слабост во денот Фала ти @Оли за убавата желба што сакам да не се изгуби втората линија
joan draga mozebi konecno gi vide tvoite dve crti mislam deka 7 dena se dovolni za da pomine dejstvoto na stop inekcijata.
Интернетот вика кај некои и до 12ти ден. Како што ми иде борбава со стерилитетот, си викам кај мене сигурно останува до 14ти ден )) Ќе ја следам и ќе видам. Бледичка е цртата, ама јасна. Или ќе ојача или ќе ја снема (толку многу посакувам да ојача) минатиот неуспешен обид не направив ваков испад и чекав до 14ти ден за бета. Си викам, бар ќе знам на што сум. Да не ме изненади до толку непријатно ко прошлиот пат со 0.1 Девојки ептен ми значите ве гушкам сите силно
И јас ти благодарам на тебе за советите Дај Боже од ден на ден да биде се потемна и потемна втората црта и на крај висока бета
Не само интернетот, ја сум пример за такво нешто. Не сакам да ти влијаам негативно,дај боже да се прави 2те цртки. Мене ми се има јавено 2ра црта од прегнил, бев стимулирана со кломифен,и боцната со прегнил, направив тест ми се појави 2 линија,утрето направив пак,пак се појави малку побледа,за на крај да добијам и да се оспостави дека е од прегнилот,кој се задржува во организмот до 14 дена. Пак ќе кажам,се надевам нема да бидеш како мене, и ќе си добиеш 2 вистински линии и секако висока бета.
Знам мила. Пуста надеж само Криво ми е што не сум го следела до сега Овидрелот за колку ме напушта мислам дозата беше 250. Како и да е, сега ја отворив "пандорината кутија" со тестирање
Дај Боже да е позитивен резултатот навистина и да ни се пофалиш со висока бета! Во секој случај ништо погрешно не си направила, а има големи шанси бледата втора линија да покажува рана бременост! Ти посакувам успех мила, да не израдуваш овде сите!
http://exclusive.mk/articles/38136/...gubev-bebinjata-no-zhivotot-mi-podgotvi-chudo @Viktorija730 за тебе. Годините немаат поврзаност со желбата и упорноста.Се во свое време.
Да си ми жива и здрава со убавава интуиција имаше цртка и сабајле, бледа многу пак, или ќе стане потемна наскоро или ќе исчезне. Нема простор за други нијанси. Многу ми значат вашите убави мисли, ме смируваат