Не знам кога се става мускулно, кога поткожно, претпоставувам за инсеминација поткожно, за ивф мускулно....
Доколку се 1 или 2 фостимони(се раствораат со 1 водичка и ги собира во шприцот за поткожно) се боцкаат поткожно а ако се 3,4 (се раствораат со 2 водички и е поголема количината и затоа мора во голем шпиц)се боцкаат мускулно,нема врска дали правиш инсеминација или ивф.
Може 2 фостимони (или друго лекче) во 1 водичка и 1или 2 во другата водичка, па следи два пати боцкање во стомак, наместо да се оди во болница за мускулно боцкање .
Чим е една водичка може во меше поткожно. Кога се повеќе водички количината е поголема и малку потешко е за поткожно.
Нагласено беше од доктор и сестра ...пет прашок и ЕДНА водичка....така да неизводливо е два или три пати боцкање. Како и да е помина тоа само гласно размислувам дали некаде може имаше грешка во терапијата
Душо, немам искуство со 5, но колку што знам, повеќе од 2 прашочиња не се ставаат поткожно. Но, зависи од лекот и производителот. Што пишуваше на упатството? Сама ги раствораше прашочињата? Сепак, 5 во 1 водичка ми се чини дека е многу.
Пишува дека може 5 во една водичка,а дали поткожно или мускулно тоа нема . Да сама ги растварав и сама се боцкав во меше.
И јас за двете Ивф боцкав по 5 мерионала во една водичка, поткожно.Последните 2 дена дури 6 во една водичка Прашав нели може 2 пати по 3 во една водичка,добив одговор НИКАКО. Се губел ефектот на лекот колку е поразреден во вода
Ова е попрактично решение! 5 прашочиња со една водичка, дали може добро да се раствори, растворот би бил со поголема густина, ако тоа има некое влијание. Како и да е, треба да се консултира д-р, за да не ни биде шубе после дали сме погрешиле. Пак ќе кажам, среќата е најголемиот фактор! Ако треба да биде, ќе биде!
Ова е апсолутно неточно Бубче, се препорачува една вода на повеќе прашоци за да не се добие многу течност и полесно да иде аплицирањето, лекот посекако ќе си стигне па како и да го раствориме. Погоре Кукла и спомна доколку е поткожно и е повеќе од 1вода ќе биде отежната апликацијата, многу течност - осетливо место. И 5 прашок со една вода се раствара, не се добива на густина туку на концентрација и може да се појави печење и црвенило. Некои доктори сметаат дека е висока па препорачуваат со 2води и мускулно, но ефектот е тој, посекако целиот лек ќе се апсорбира во организмот. Не се думајте и за ова, никако не е грешка
Мислев на густина, во смисла дали ќе може лесно да се аплицира, ќе пржи, ќе се вцрвува местото и слично, а концентрацијата е секако голема. Во секој случај држи твоето мислење, не треба да се замараме со ситници, важно е да се внесе одредената терапија.
И ние со мм размислувавме вака ко ти, башка мн тешко некако ми одеше тоа 5,6 прашоци во една водичка, кљумкај, мешај, па дали се растворил лекот од сите ампули и затоа го прашав Трајковски бива ли со 2 води и ете таков одговор добив. Можда па ( ама не верувам) грешка да сум ја разбрала причината. Како и да е , јас се слагам со ова твоево. до мешко твој
Мускулно ставав, првин по 3 во 2 водички, па 4 во 2 водички, на крај 5 во 3 водички. Споро реагирав па ме напукаа со стимулации, +25 фостимона купив.
Sakas da kazes deka primi 55 fostimona? Toa znaci deka stimulacii si primala okolu 14 Dena?! Ne e mnogu denovi toa?