Јас во петокот имав пункција во 10:30h. Вчера ми се јавија околу 11h. и ми кажаа дека едната ј.к. ја оплодиле но не покажувала знаци на делба и дека нема да има е.т. Ако одма после пункција направиле икси во рок од24h вероватно треба да покаже резултат. Кај мене веројатно немало ништо и затоа ми рекоа нема е.т.
и мене ивановски ми ја ставаше имаше резултати дефинитивно но не којзнае какви пак беше тенок ендометриумот, така да не би рекла дека им е "трик", но зависи од многу фактори кај кого и колку има влијание а кај кого не. Јас пак ке ја примам наредено ин витро така ми рече зошто дефинитивно имам проблем со ендометриумот.
koga bev vo remedika prviot den posle punkcija mi se javija i mi rekoa seuste ne se oplodeni jajce kletkite, ama ke prodolzime da gi nabljuduvame. vtoriot den mi se javija i mi rekoa deka se oplodile. od toj slucaj pretpostaviv deka cekaat, ama sepak embriolozite znaat dali da cekaat ili ne. kako i da e, ke uspeeme sleden pat
Ивановски практикува мноогу терапија, дали е оправдано не знам, за Иуи ми даде терапија речиси ко за Ивф, а ми викаше дека за Ивф се прима х4, што нема врска, овде што пратам колку се прима, можеби не се прима ни дупло од тоа што примив јас, бев накљукана со хормони премногу, меѓу кои и инекцијава...
Таше го практикува во плодност. Обично кога се прави ивф на приватно. Мене последните 3 дена од стимулации пред пункција ме стимулираше со по 3 ампули гонал ф и по 1 амп луверис (претходно по 4 гонал ф). Потоа следеше стоп инекција. Мн добро изреагирав, извадивме 11 ј.к.
мене уште пред две ипол години за иуи ми ја ставија на два пати инекцијава, исто кај Ивановски бев како другиве членки. Инаку помага да , кај мене имаше доста ефект.
Здраво девојки, вчера помина мојата пункција. Извадија 11 јк, од кои 2 не биле квалитетни, и ми кажаа дека ќе оплодат 9. Денес чекам со нетрпение да ми се јават за да ми кажат колку се оплодиле. Со среќа на сите
Со успех и многу квалитетни ембриончиња, со полно меше и висока бета да не израдуваш! Стискам палци!f:
Женички, имам намера да одам на акупунктура, бидејќи по долги (лични ) истражувања мислам дека проблемот со имплантација и досегашните 3 неуспешни инвитра ми е со општата лоша циркулација на телото, па со тоа и на матката.. Тие што одевте на акупунктура - Колкав период се оди пред трансфер, колку пати (неделно или како), која е цената, и колку сте задоволни?
Јас беб 2-3 пати. Читав те опушта, ама не осетив значително подобрување. Се преорњнтирав на масажа, бар да уживам
Јас одев кај кинезот, еднаш неделно, 3 месеци. Цената е 1000 ден од третман. На почеток ми беше многу убаво, опушта и докторот е многу позитивен. За жал, на крајот, после третиот месец, кај мене не даде резултат, имав влошување на хормоните. Кинезот е најдобар кај нас, но за жал, за други проблеми, не за третман на неплодност.
Добар ден подршко Јас сум релативно нова на форумов. Потребна ми е подршка и малку совети и знаења кои ги имате да ги споделите По 3 месечна терапија со кломифен и прегнил, кои за жал беа неуспешни, од утре ја почнуваме постапката на директно инвитро, без претходни инсеминации поради слабите резерви во јајниците. Се одлучивме за Органџиски. Сакам да ве прашам вас поискусните за неколку совети и искуства за постапката. Очајно сакаме II Ви благодарам.
@VenusVenus убав број на ј.к. извадиле, дај боже сите да си се оплодат и убаво да си се делат, па да се радуваш на висока бета. Ти поскувам успех и среќа!
И јас одев, кај кинезот, околу 10тина пати бев сигурно, 2пати, па по еднаш неделно.. ама првичната цел ми беше поради проблеми со грбот, читав и за акупунктура и бременост имаше позитивни искуства, па баш и по 1м од третманите успеа моето инф, случајност или не Ама јас како Кукла сепак би ти препорачала релакс масажа на цело тело, ако ти е за опуштање подобро од масажа нема. Сакав и јас ама зима беше, натака-навака и не се спогодив и останав бремена
Не дека ми е местото тука, ама и јас имам позитивно искуство со масажите. Или бар така се поклопија коцките. Мислам на релакс масажи,на акупунктура не сум била. Останав бремена баш во период кога интензивно т.е редовно одевме со мм на масажи. Случајност беше или не , не знам. Сепак имаат влијание на опуштање на мускулатурата на телото. А и целосно, целиот организам се олабавува после масажа.
По моите 2 неуспешни ивф кај Поповиќ повторно одам по доктори. Сакам да одам кај др.Дејан Трајков (кај него сум била) или кај Петличковски на Имунологија но нема термини преку мој термин колку што можев да видам. Може ли некој да ми помогне ако знае зошто нема термини и кога да се очекуваат или пак како да отидам кај докторот