Само во њуборн и ре медика Во њуборн е 15 000 денари А за во ре медика несум сигурна за цената но,таму доаѓа др и од Србија и од Грција барем јас колку што имам инф. И јас се мислам да направам.
Методата веќе се извдува во Ремедика. Имам закажано во петок. Цената мислам дека е околу 50.000 денари. Претходно се испитува AMH, IGF1 и FSH. Слична е на пункција, ви земаат крв, ја обработуваат и ја вбризгуваат во јајниците. За време на постапката сте под анестезија. За понатаму не знам како и што, во петок ќе се доинформирам и ќе ви пишам.
Одамна ме нема тука и ајде прво да честитам на сите со позитивни тестови. Да си имате убави бремености. Инаку да се запишам дека ќе одам на трансфер со замрзнати ембриони. Од пред две недели веќе си пијам метформин, фолна и аспирин. Од денес прв ден на циклус почнувам со 3x2 естрофем па ќе видиме што ќе биде.
Целта е да се активираат заспаните ј.клетки во јајниците и евентуално да се подобрат AMH и FSH. Но, сеуште нема официјални студии кои го потврдуваат тоа. Мислењата во светот се поделени. Во Ремедика. Крвта само се центрифугира, нема друга обработка. Со лесно.
@zvecarka со среќа мила во петок, па пиши потоа како ке поминеш. Во Систина не ја прават оваа метода? Јас денес треба да се видам со др. Ивановски, па баш ке го прашам да видам што ке каже за овој метод и ке ви пишам. Ако има позитивни искуства, и јас би го направила. Со среќа!
Ја прават само во Ремедика. Методата е воведена директно од д-р Пантос од Genesis, во Атина. Овој доктор, за прв пат ја воведуваа оваа метода и е многу популарна во Грција. Имаат пациенти од цел свет.
Ја прават и во њуборн имам зборувано со ср Татјана.Инаку да прв ја има направено докторит што го спомна.Ама сега одат на семинари и ја учат оваа техника.
Денес ми е втор ден од пункција. Ми се јавија и ми кажаа дека имаат оплодено 7 јк и сега за сега добро се развиваат. Очекував утре на 3ти ден да биде трансферот, но ми кажаа дека ќе биде на 5ти ден. Има ли некој искуство со трансфер на 5ти ден? И дали можеби знаете кога одлучуваат да биде на 3ти, а кога на 5ти ден? Фала ви девојки на поддршката и одговорите
Подобро е на 5 ден барем според мене и тоа што го читам на нет,но на крај ако треба да биде ќе биде и со 3 и со 5.Моите беа со 3 дена и ми беше неуспешно и си велев да беа барем5 можеби ќе успеев.Но напред слушај доктор тие знаат најдобро и ти пуштам среќичка од срце.Сакам да те прашам каде го правиш инф дека мислам дека е подобро да го остават 5 дена него 3.Поздрав и секое добро.
@VenusVenus како што имам разбрано доколку се повеќе ембриони понекогаш решаваат да одат до 5 ден, па оние кои ќе бидат најквалитетни и најдобро ќе се развиваат ги враќаат во матката. Ти посакувам успех.
За 15 000 ден? Не верувам дека се работи за истата метода. Да беше таа метода, досега 100 пати ќе ја промовираа.
Не се сложувам бидејќи јас имав само 4 кои ги чуваа сите до 5 ден а тоа сепак е мала бројка, и од тие само 2 издржаа ...и имав неуспешен трансфер со нив ...да не ги чуваа сите 4 до 5 ден може ќе се сочуваа сите а не вака само со 2 ...они според мене ради други фактори одлучуваат до кој ден ке ги чуваат, квалитет, квантитет и сл но и многу пати сигурно ризикуваат со тоа чување до 5 ден.
Незнам дали е иста методата но и во њуборн е рејувенција (подмладување на јајници)инаку кога вев во њуборн на консултација ми кажаа дека ваква била процедурата.Се зема крв од вена се преработува потоа се вбризгува во јајниците под анестезија,меѓутоа Др Татјана ми рече ако фсх е повисок од 21ѓабе би се правел.Од испитувања ми рече хормонски статус,микробиолошки брисеви и нов амин. А неколку пати има спомнато во емисија ама немаат некој голем успех. Може во ре медика да користат и некоја дополнителна техника или имаат пообучен кадар незнам.Во секој случај кој и да оди со оваа метода дај Боже да има успех.
Јас имам позитивно искуство со 5 дневни ембриони. Ако има повеќе и ако добро се развиваат одлучуваат да одат со трансфер на 5 ден. Од првиот трансфер сега имам 21 месечен син. Сега сакам пак да одам на трансфер со остатокото од ембрионите имам уште 3 смрзнати. Исто сум кај Димитров во Ремедика. Со среќа.