Без шминка,без накит и без лак,гладна,жедна.. така пишува и сега ме стаивте во мисла.. нез што да правам..
Toa e zaradi anestezijata i da se gleda efektot od nea ama jas imav lak i na nozete i na racete i vo Praga ne mi spomnaa nisto okolu toa.
Тоа е поради анестезијата, односно, после будењето да не се јави нагон на повраќање (затоа треба гладна и жедна). Инаку, хемикалии (пр. лак за нокти, пудра, парфем, кремови итн.) се препорачува да се избегнуваат првите неколку дена после трансфер, бидејќи така се зголемуваат шансите за имплантација.
^^ нема никаква поврзаност со лак на нокти, кремови, шминки, парфеми со успешно инф, подобра имплантација, едноставно тоа со тоа нема допирни точки!!! Не си стварајте безпотребен терет и грижа, среќна жена е убава жена, средена, дотерана ^^за шминки чисто ради хигиена потенцирале и за ништо поинаку. Да си се намачкате со кремче каде и да сакате да не ве сврби кожата, а и да ви биде кожата како свила Без парфем од врата да не сте излегле, убав мирис шири позитивна енергија
Ајде мила сега со среќа и што повеќе да се оплодат,да си се делат правилно и за 9 месеци да частиш мекици
@VenusVenus @Bibi30 За лакот е превентивно заради анестезијата, парфеми, дезедоранси и креми можеби плус заради другите, можеби таа по тебе што ќе биде во сала е алергична на твојот парфем, додека накит е секаде забрането за било каква оперативна постапка. Пред да правам пункција читав некаде дека сите тие хемикалии "може" да влијаат на квалитетот на јајце клетките додека се пунктираат, или на ембрионите на денот на трансфер, многу биле нежни... Затоа за секој случај клиниките за ИВФ препорачуваат без шминка, парфеми, дезедоранси. И мене ми го рекоа истото: да дојдам без шминка, лак, парфеми, накит и сабајлето пред пункција туширање само со вода. Ама докторкава моја во сала си влегува нашминкана, дотерана.. така што...
Хемикалиите и тоа како влијаат, и на ембрионите и на развојот на ембрионот по трансфер (а и генерално на организмот). За тоа постојат и бројни студии. Пр. парабените во козметиката се многу штетни, органските полимери во вода од пластично шише...и ред други. 2-3 дена околу трансфер може да се издржи без овие стедства. Но, секако, целта не е да се наметне нечие мислење, туку да се сподели знаење кое ќе биде корисно. Секој си знае за себе (не мора да слуша туѓи мислења) и си прави како што сака и мисли дека е правилно.
Ќе добиеш убава вест! Ти ја пуштам сета среќа, да се вгнездат барем 2 и за 9 мес да ти почне најубавото патување
Бев на доктор, ми ја потврдија бременоста. Се` изгледало ок како за петта недела, се гледал "yolk sac" што било добар знак. Срцева реакција докторот мислеше дека наѕира, но не можеше до крај да ја потврди, па ми закажа за три недели од сега. Ми се тресеа рацете и ќе ми излеташе срцето. Одвај се смирив. Ве гушкам сите!
Јас додека сум чекала по ходниците, сум гледала како излегуваат од пункција, ептен нашминкани, е сеа дали пред или потоа не знам, ама не верувам дека после пункција некоја би се шминкала таму... Според мене, ок е без лак, накити, ама па и без крема на лице, да те чеша кожата и да се осеќаш ептен “out”, мислам дека нема потреба до толку. Со лесно да си Со лесно да ја истераш бременоста, уживај во најубавиот и долго очекуваниот период од животот и кога ќе дојде терминот да се гушкаш со бебушот!
Ти честитам мила и официјално. Сега само опуштено. Радувај си се на бременоста и уживај си во животот! Ти посакувам среќа и успех!