Doskoro dostinex ne bea dovolno ispitani vrz bremeni zeni a sega neznam Kako e posto jas pijam bromergon
Е баш така сме Абе мора да се видиме!!!Секогаш за еден ден се разминувавме ама нареднава недела,одиме на кафе
@lalapo мило ми е што читам дека повторно почнуваш процедура. Ти пуштам среќичка за една сестричка за баткото твој. И на сите останати кои се во процедура ви посакувам среќа. Периодов ме потсеќа како лани пред нова година кога не имаше многу во процедура и многу позитивни тестови. Ајдемдај боже да се повторува и повторно да има многу позитивни тестови.
Ано ве гушкаме со батково Аааа годинава многу повеќе ќе не има со големи мешињаСите од оваа тема,ќе се преселиме во труднички
Zdravo da ve prasam dali nekoja zema metilirana folna kiselina od bg? Mi prepisaja da zemam ama neznam kade tocno da ja baram oti ja nemalo vo site bg apteki...
Јас еднаш земав од Ќустендил и еднаш од Банско но ја немаа моментално па додека бев таму ја порачаа и си ја земав кога си отидов.
@lalapo ти ја испраќам сета среќа на овој свет за позитивен исход и висока бета.Батко да си стане поголем батко на дада или бато. И на сите останати кои сте во процедура ви испраќам среќа за висока бета. Дај Боже наскоро сите да се префрлиме и да го преплавиме труднички. Јас уште малку морам да почекам за да се вратам во игра.Позз до сите во групава и силно ве
@zvecarka мила, беше ли во Ремедика на консултации за PRP методата за ријувинација на јајниците? Што ти кажа докторот?
Да,бев во петокот. Постапката е многу слична на пункција. Се прави по добивање, на трет ден се проверуваат хормони, потоа ви закажуваат веднаш по завршување на менс. Најпрво ви земаат крв која ја испитуваат. Кога ќе ги добијат резултатите ве спремаат за интервенцијата. Повторно ви земаат крв, ја филтрираат и тромбоцитите, крвната плазма заедно со реагенс се вбризгуваат во јајниците. По оваа постапка се чека да добиете, повторно се проверуваат хормони, па се оди со инвитро. Најдобри резултати има првите неколку месеци по интервенцијата. Докторот ми кажа дека имало добри резултати од постапката досега.
Лепотици, јас одсабајле возбудена.. ми се јави пак ембрологот, сите 8 се развивале како што треба. Трансфер во среда на 5ти ден. Е сега да Ве прашам, можно ли е не дај боже да не успеат до среда?? Или штом така ми кажа ваљда они знаат најдобро? И дали има правило 3ти или 5ти ден трансфер? Јас ќе Ве удавам малку со прашања, пошто сега сум во паника целата.
Не си ја замарај главата. Докторот и ембриологот знаат најдобро на кој ден е најфобро да се прави трансфер. Сега одмарај и чекај да си ги земеш ембриончињата и за девет медеци да се гушкаш со здрави бебушки.
Сигурно одат на опција што поразвиени ембриончиња да ти вратат во меше и да биде успешна постапката, затоа одлучиле 5-ти ден трансфер, што мислам дека е ок, со оглед дека имаш и добра бројка, не се секирај ич, ќе успееш мила, а ќе си имаш и за замрзнување, верувај и ќе се радуваш! Ти посакувам среќа и успех!!!
Многу слична ситуација имав и јас, 7 ембриони и трансфер на 5ти ден Не се секирај се ке биде супер и ќе имате и за замрзнување. Со среќа и со успех