Јас поднесов со три инсеминации,и за две недели имав позитивен одговор.Иначе мене ми требаа само две зашто сум со еден јајцевод,тебе нема да ти треба ќе имаш висока бета
Вчера бев на ехо и имам само 2 фоликулчиња на левиот јајник.Десниот има антрални ама не ми реагира на терапијата. Др вика од премногу јаки стимулации,дека е многу оштетен.Ова ми е 6 ивф. Се молам на бога,барем овие 2 да се со добар квалитет.Ама како ќе биде понатаму,ќе видиме.Петок сум пак на ехо.
Да остануваат со исти квалитет. Јас имам скоро двегодишно дете од трансфер со замрзнати ембриони. Добив хиперстимулација и упте на ден на пункција ми кажа докторот дека тој месец нема да има трансфер. Веќе наредниот месец се беше во ред и на скроз приорден циклус вративме две ембриончиња. Ако мислиш дека се губи на квалитет јас мислам баш спротивно тие што ќе преживеат смрзнување и одмрзнување се баш најсилните ембриони. Сега за сега одмарај и пиј што е можно повеќе течности. Земи Исоспорт или друг изотоник ептен помага. Мене таква ми беше препораката два литри Изоспорт дневно и плус други течности. Појачај протеини во исхрана зашто помагат при хиперстимулација. Мене тоа ме спаси од премногу фокусирање на исходот од ивф. Не земав ниту еден ден боледување. Трансферот ми беше во Петок викендот се излежав наредните неколку дена со одмор и на работа си тргнав. Мотото ми беше трудна сум не сум болна.
Zapocnav so bockanje so suprefact pred edna nedela treba da dobijam pa da pocnam so stimulacii ,no mi kasni ako ne dobijam drot rece ke pocneme sepak ke pocneme so stimulacii. Dali nekoj imal vakov slucaj?
зошто мислиш дека нема да бидне висока бета? ќе те карам немој така, уживај си во деновите до тест, не се заморувај многу со вакви мисли безпотребно, нели викаат фотостимулација со ембриони, читај за успешни приказни итн, а не вакви прашања. опушти се за да бидне работата @811622 - интересен ник имаш, мора да те пофалам за креативноста, не сум сретнала друга со бројки а кај кој доктор си? колку време се обидувате?
&Ѕвездички Ако ти кажам мила дека воопшто не се замарам, нема да веруваш. Јас ова го сваќам како авантура во животот . Читам по форумиве ова да се јаде, она да се јаде, вака да лежиш, она да правиш , абе оди бегај . Јадам пијам што ми душа сака, пушам , пијам кафиња и слични ствари . Јас живеам со она мото , што е мое ќе си дојде. Сите оние што останале бремени по природен пат дознаваат после 1-2 месеци дека се бремени, во меѓу време да не пазеле случајно што да јадат, пијат, како да лежат и слични ствари . За ваучер чисто онака прашав информативно , докторот од сам старт ми рече да поднесам , јас му реков “јас немам нерви да се зезам по тие врати “ плаќам сакам сега, одам, веднаш . @Ѕвездички Никот ми е од id-to od USA Инаку првиот пат беше празна фоликула, ова е прв обид со трансфер иако докторот ми предложи да не одиме со пункција на еден фоликул ,и случај да не се случи истото како и првиот пар. Реков не !!! Еден еден идеме . И ете ме сега 5 ден од трансфер . А да ... Инаку сум кај доктор Трајковски . За мене човекот е доктороште ,без разлика на исходот ..
Ете што ти е интуција, си знаела дека ќе има трансфер, ајде само позитивно и ќе биде кај сите нас. чекањево и мене ми е бљак, јас сум 3 ден од трансфер, ко вечност ми се гледа а и ми се спие цело време
Девојки, бидна и мојот трансфер. 2 бластоцити вратени, 2 квалитетни замрзнати. Се мислев мн за замрзнувањето, ради финансии, дај боже да биде, ама не дај боже да не биде бар полесно малку ќе е. Ве поздравувам сите и само високи бети месецов
Со успех и многу висока бета! За две недели да не израдуваш овде, а сега биди што е можно порелаксирана и гали си го мешето! Ти посакувам успех!
трансферот ми беше во понеделник, на 3 ти ден беа замрзнати, со нив ми е правен трансферот, ама пишував во темата @трансфер со замрзнати ембриони ама таму нема многу активни членки, сите се некако тука тука сме повеќе, и не се чувствувам осамено, иако таа тема е посоодветна