Кај мене беше така на 10 и 12 ден и на 14 ден преку крв негативно , малку се разочарав , ама што е тука е одиме напред па се надеваме дека наредниот пат ке биде. Инаку повеке напнатост чувствував од околината отколку од испитувањата по болници , а тоа мене страшно ме нервира .
Ти кажав дека ќе биде позитивен. Сега уживај,па чекаме и висока бета. Честитки и да ни се множат вака убави вести
Јас за првиот пат им кажав на сите роднини поблиски и пријатели, зошто сум отворена и сметам дека ништо не треба да се крие, зошто и сфаќаш дека многу луѓе се охрабруваат да зборуваат за своите проблеми кога ти зборуваш. Но притисокот за резултатите беше толку голем и негативните вести предизвикаа толку емптивни реакции, што решив веќе да не зборувам за обидите. Секој поинаку се носи со тој стрес на околината.
Jas samo na vas majka mi i maz mi kazav So kakvi se sum zborela sto se krijat si rekov “pokrien gaz nikoj ne go pluka “
Лелеее, ме прерадува и превозбуди мила, знаев дека ќе биде позитивен, интиуцијата најчесто не ме лаже... Бравоооо, успеа душо, а со тоа ми влеваш надеж и на мене, и на останатите лавици овде, дека сите ќе си ги видиме фамозните две цртки, те ! Те чекаме после со убаво бројче за бета! Кога ќе успее некоја од нас, уште повеќе ми се активира позитивата да продолжам понатаму... Да се множат позитивни резултати и високо бети, па да славиме сите заедно и да се радуваме на бебуши!
@joan Освен јас и сопругот никој ништо незнае. Сакам да биде изненадување . Цело време се трудам да не не уловат родителите . Прво што на глава ми се качуваа толку год за бебе , сега ако им кажам ауууу леле мајко ќе биде . Вака си ќутиме и си бркаме работа .
Најубаво така, замарањето е големо, милион прашања, а ништо не им е познато, па уште и ако ти искоментираат по грешка нешто ќе те наелектризираат без потреба, вака мирна глава, многу порелаксирано е се кога никој не знае. Јас го осетив тоа со инсеминациите, некад кажував, некад не, ама кога кажував бев некако понапната.
Не се кријам од некоја посебна причина , туку да ги поштедам од разочарување ако во случај не биде ништо .
Моите знаат оти одиме и не не прашуваат, ама од работа кога барав ден за прегледи , бидејки не сум од скопје амааан, ајде нели слободен ден ми треба за да одам на лекар, ама е сега што ке ти прават , е до кај стаса е што е тоа , е сама ли одиш на прегледили со маж ти мислам аман, уште да земат и на работа прегледи да ми прават . Туку замарањето настрана да си доцекаме сите што побрзо висока БХЦГ а ти што веке си имаат позитивни тестови да си имаат убава илесна бременост и да си заврси се како со треба . Ви посакувам убав ден на сите .
Мене ми е страшен притисокот: беше? шо вика докторот? и сите слични прашања од мајка ми.. За претходните знаевме само со маж ми и мајка ми, за следното планирам и неа да ја исклучам скроз. Ќе се бави постојано со тоа (пензионерка ), па ќе прашува секој ден што било како било, и тоа не можам да го поднесам пошто и јас сакам да се апстрахирам некако и да престанам да верглам на таа тема. Ако ме нема онлајн на работа и ако не кренам тел, па кај си, па ќе прашува, ќе звони цел ден. Не ќе можам ни хистероскопијата да ја скријам, а и за нејзино добро, пошто не спие и мисли што како. Планирам да и најавам дека нема да и кажувам ништо и да не ми поставува ниедно прашање на таа тема.. Ах, маки наши.....
Мое мислење е најдобро да се молчи, во мојот случај беше лошо затоа што имав позитивен исход но заврши со спонтан, болат прашањата од типот па зошто па како сега, што викаат и слично, ке дојде време кога сите ке дознаат по мешето, но тоа е мој став секако , секој си знае и проценува на кого ке каже, но притисокот е поголем кога повеке луѓе знаат, затоа релаксирано , што е наше ке си дојде
Јас за првото мое инвитро немаше на кого не кажав и затоа горко се покајав. Многу отворено зборував за се ама кога не успеа а тел ѕвонеше како во централа со мал милион прашања а јас разочарана разочарани и тие околу мене абе си ја отворив вратата од пеколкот.За др ивф не кажував на никој за мир во душичката .Среќа п14годишна борба за бебе ги изморив оние радознслите кои ме гледаа во стомак и од око ми мереа кг пошто си се здебелив.Конечно се изморија од мене.Најмногу што ме заболело е кога ми зборуваа побрзај женско си знаеш јајниците на женското откажуваат со годините па да не ти биде касно.Охо а јас баш се мачам со тој пр и едвај мм ме вадеше на воздух и луѓево како да ми имаа вградено џипиес и етеги пред мене со тие ком сега дури и си се смеам ама тогаш плачев до бесвест.Чудно како борбава може да те направи посилен.Жал ми е што морав да ја сменам флизерката која премногу беше добра во раб ама пренапорна во ком:ако три пати не си успеала ѓабе ти е нема веќе да успееш,Боже кои глупости.Поздрав екипо и борба до успех.Си се изнапишам ама што убаво ми олесни на душичкава.Пресреќна сум што ве имам.
@Milobebence Да се надоврзам на пишаното твое . Со сопругот сме 27 години заедно, 10год врска , 17 во брак . И баба ми бог да ја прости стално ми викаше . Аман бе ќерко кога ќе родиш едно детенце , па животот ќе ти се смени , па да видиш убавина и бла бла . И еден ден после повторно истото прашање поставено јас нејзе и реков . Бабо ! Ќе ти кажам кога ќе раѓам, ако ми кажеш ти дали знаеш кога ќе умреш . И женава се замисли за после да ми каже , во право си ќерко “ никој ништо незнае” и од тогаш веќе не ме праша ...
Е тоа вистинскиот одговор на ваквите прашања (кој би можел са знае кога ќе се оствариме во улогата на мајка)Само еден Бог знае и треба да дојде денот д за да се остварат нашите желби.А ќе се остварат во тоа верувам силно .
Исто и јас планирам така, затоа што знам колку се замараат, посебно мајките, прашања од типот: -Што ви кажа докторот? Што ќе биде? Ама зошто не фаќа по природен пат? Затоа најдобро е да се најави на време, да не се поставуваат прашања, навистина се ствара дополнителен притисок, без потреба.
@Недопирлива5 И да најавиш како што викаш, повторно ќе имаш прашања, вака смисли друга стратегија и мирна работа .
Јас првото ивф кажав на мн луге,и кога беше успешно си се испофалив. И хоророт дојде откако се утврди дека е вонматеричма,сите се јавуваат те сожалуваат а мене тоа ми правеше уште потешко да ми биде,само од тие причини не кажав на никој сега за 2то,само една другарка. А мајка ми не смееше да ме праша,си знаеше дека нема потреба да ме "замара" без потреба Сега за трансферот со замезнати ќе знаат само моиве,и една другарка,зашто сепак ми треба помош и подршка.(моиве ми се финансиска подршка)без нив тешко....