@kostarika со лесно душо Господ нека е со вас до крај.. жени лавици кога ве читам вас колку ли само сте позитивни и покрај се ви се дивам и секој ден ве читам..мм ми се смее јас кога прочитам дека некоја успеала се радувам ко за сестра и ми вика пак некоја другарка од форумот има ||.. од срце ви посакувам на сите догодина полни мешиња и живи и здрави бебенца ве гушкам сите до една..
Женски здраво, сакам да ја споделам со вас мојата радост. После 5 години борба имав прво успешно ин витро, сеуште неможам да поверувам. Прво на 8ми ден од трансфер имав многу бледа линија, на 12ти ден пак правев тест убава дебела линија. Пред 2 дена пратев бета 377 сега чекам за 2 недели ехо и срценце. Ви посакувам на сите од се срце да си дочекате ваква радост и полни мешиња.Ве гушкам
@Momichka, или некој што би знаел.. може ли да ми кажеш нешто повеќе за Аденомиозата? Знам дека си трудно, дали правеше таа проблеми за имплантација, имаше ли некоја посебна подготовка со лекови, терапија, чаеви и сл. Што помага во ситуацијава всушност?
Со среќа и со лесно. Ме потсети на мене кога дознав за позитивниот резултат не спиев цела ноќ од возбуда. Чувството е бесценето. Дај боже сите од овде да го доживеете.
Чувството е неопишливо, мене ми се случи еднаш позитивен резултат, премногу се возбудив, буквално цела бев растреперена и не спиев цела ноќ, ама заврши со биохемиска и многу пати сум се запрашала дали таа возбуда имаше влијание врз исходот... Иако, мислам дека секоја феминка била и ќе биде возбудена, па на пример, се било ок, не знам што да мислам... Што мислите за ова?
Јас секој пат кога ќе помислам дека со нешто (возбуда, нервоза, замор...) можам да и' наштетам на бременоста, пробувам да се сетам дека деца се раѓаат за време на најгрозоморни војни. Искрено мислам, и науката се' повеќе потврдува, дека развојот нa бременоста исклучиво зависи од генетичкиот материјал и состојбата на матката. Нормално, отрови, хемии, дроги, алкохол можат да наштетат во развојот, но ништо не може да предизвика абортус само по себе. Не треба да мислиш дека било како ти си придонела кон хемиската бременост!