Со лесно и со среќа мила Не се секирај др си ја знае работата, нема да пукне фоликулот.Затоа и се става прегнилот,за да не дојде до пукање.За две недели чекаме висока бета
Фала Фала за одговорот ке пробам да се смирам . Поздрав Фала душо. Фала, Да даде господ да има јајце клетка па да се оплоди по трансфер, тежок пат ама мора да се помине. Поздрав
Девојки, да ми кажете колку естрофем имате примано пред трансфер.Се ми се помеша и сега незнам дали требам 4х2од 1мг или 4х1 од 1мг.Имам различно запишано , а немам кого да прашам денес и утре.
Јас пијам 3х2, почнав од прв ден од пункција (од 1мг). Ама мислам најубаво е да се консултираш со сестрата или докторот, пр ние кога правевме на секој различно му кажа за пиење.
Со сре после пункција нели ти дадоа извештај на кој што пишува колку јајце клетки имаш извадено и таму пишува што терапија тие дадено на денот од пункција до трансфер
Мене ми имаат правено пункција на еден фолекул.Мора да те гледа на ехо како инаку.Ајде овојпат да успеете.
Се си пишува убаво , толку сум замелушена што немам прочитано како треба. Сум утнала неколку апчиња , ама тоа е.
Фала на убавите зборови Си ветив овој пат дека ке сум максимално опуштена.На сите што се во процес им посакувам многу срека!
И јас ко тебе бев, имав утнато 2 дена. пиев 3х2, па 4х2, е го утнав денот кога требаше са почнам 4х3, и тоа го сватив кога бев на преглед. И веднаш му кажев на докторот. Рече за среќа нема некоја штета, и од тој ден ги почнав 4х3. Види убаво што ти пишува во листот. Секоја различно пие
Мене ме гледаше за да види дали се тука фоликулите и да знаеме дали ќе има пункција или инсеминација. Одмори се и утре убави вести да ни кажеш
Фала душо, мислев дека дирекно анестезиа и после ке видат какао е во стимулиран циклус. Фала за одговорот мене не ми треба инсеминација имам направено 7 до сега, плус 3 ивф и ништо. А баш ми е криво што ниту еднаш немав позитивен тест и ако еднаш имам останета природена бремена ама заврши вонматерична. Поздрав
Јас имав 2 пункции без анестезија, еднаш еден фоликул, вториот пат 2. Ама јас претходно се договорив дека ќе биде без анестезија. И стварно докторот беше во право, немаше потреба. Јас знаеш како ја опишувам таа болка - на забар повеќе боли, ете така пецка, како кога ќе те касне инсект. Нелагодноста е голема, бидејќи покрај тоа железното во исто време имав и вагинално ехо и некоја друга направа (веројатно тоа е таа боцката) и плус една сестра ми го притискаше стомакот во пределот на јајниците. Све тоа заедно не траеше повеќе од 5 минути. Барем мене вака ми беше. После тоа имав мало крваерње, ми ставија нешто внатре како некоја долга натуткана газа, ( ја видов која ми ја вадеше сестрата после 2 саати) еден километар извлече од мене ама тоа веќе не боли, јас се смеев со неа. За да го надминам стравот сите во салата ги прашував како се викаат, и што работат, брбљав нешто во тие 5 -10 мин додека го чекав докторот. Кога влезе он - стварно се се заврши многу брзо. Ти посакувам успех утре и немој да се плашиш! си ја знае докторот работата, а ти опушти се и мисли си на нешто што те прави среќна
Фала душо што ми објасни све ама јас не прифатив без анестезија со анестезија ке биде јас само се плашам дали има фоликул или пуканл. Многу ми олесна со ова и мене докторот ми кажа дека не боли ама никако не можев да прифатам. Поздрав. Фала многу, ке пробам. Поздрав Фала душо многу. Поздрав
На природен циклус ако е еден фолекул и нема да ти треба анестезија.Тогаш во систина бев и сами ми рекоа без анестезија да биде.Воопшто не е болно.
@NNA јас колку што знам стоп инекцијата е така направена, и ставена во соодветно време за тој да не пуке, да дозрее и да порасне но не и да пукне. затоа се темпира времето во интервал од - до.со лесно утре