Здраво девојки,со среќа и лесна бременост на тие што имаа позитивни резултати.За жал моето прво ин витро не успеа,се разочаравме мн ама животот продолжува...Сакам да ве прашам дали испитувавте нешто после неуспешно ивф,уште не сум добила имам само кафено по малку.. ***животот продолжува со или без***
Јас на 6ти ден од трансфер испитував прогестерон ми беше 13 и Петановски рече одлично тераме со Пролутекс инекција насабајле а Кринон гел навечер така се терав до позитивен тест па и понатаму до 10та недела но по 10та недела само Кринон гел навечер. А пред пинкција ми испитуваа знам но не паметам колку ми беше вредноста. Од 4-ри трансфери овој 5-от ми кажа да испитам прогестерон по трансфер пред тоа не
еве до сега толку години се плеткам со инсеминации и ивф и ми е чудно што не ме испиатиле тоа да се испита, стварно ми е чудно, а сум сменила тројца лекари не сум кај еден цело време. ООсвен матичниот, него не го менувам ако е битно зошто не ми испитале? хм... или јас сум грешка, не знам, ќе побуричкам низ резултатите бидејќи све чувам од 2013 г наваму. ама кода не сум ни била на 21 ден за крв, не ми се врти такво нешто низ глава... а треба да има некоја индикација за тоа да се испита? или секако треба да се испита
И мене мислам пред или после пункција, а за после трансфер не сум знаела дека се испитува. @monoirjune баш ми е жал, со крената глава напред, и ќе се консултираш со др.за испитувања. Мене ми рекоа по 3 месеци да се средат хормони, организмот да се врати во нормала па испитувања имунолошки, за тромбофилија, ддимери, па хистероскопија и скречинг некаде пред следно ивф
@monoirjune е многу ми е жал... а за испитувања, на трансфузиологија хемостаза и други работи, вит д, крвна слика обична, брисеви повторно и мене еднаш ми испитаа торч тест, другпат не. А на трансфузиологија бев веднаш ден два после негативен тест. на ендокринологија ехо на тироидна и таму уште нешто преку крв. А ако има потреба ќе те пратат и на некои тестови за генетски мутации. Има еден куп работи што се испитуваат, во зависност од што проблем имате. Ама не се секирај, одмори си малку информирај се што треба да се испитува, и после почни си. Читам на повеќето ви ипситале прогестерон, зарем е можно да заборавиле мене да ми испитаат до сега? ајјј, па не ми ни текнало да прашам, а да си испитам јас утре сама на своја рака? 7 ден од трансфер ми е или не?
Можеш ако сакаш. Но, немаш потреба, не се оптеретувај, уживај си. Земај си ја терапијата, сигурно примаш доволно прогестерон. Инаку, ретко кој доктор проверува прогестерон. Ни во Ремедика, ни во Систина, ни па надвор кога бев, ми рекле да го испитам. На 21 ден има смисла да се провери само при редовен циклус (на 28 дена), во спротивно, би требало порано или покасно.
Јас го испитав на 21 ден кога отидов кај матичен за упат за оние што се испитиваат на 3 ден и он ми направи шема како да ги испитувам, на 3, 14 и 21, така е школски, а на 21 се испитива само Прогестерон, на 14 ден се повторуваат некои од тие што се испитивааат на 3 ден. Оваа шема е за да се добие комплетна слика за хормоналниот статус.
Jas pred cetiri godini ispituvav progesteron na 21 den od ciklus I mi bese na gorna granica sega ne sum ispituvala kolku e
Немој да се оптеретуваш. Кај претходниот доктор и мене не ми мереа прогестерон. Ова е некоја пракса на трајковски што не мора да значи дека е правилна. Уживај и гали меше па чекаме да се пофалиш со висока бета.
Фала на сите што ми одговорите за сите прашања, празен беше фоликулот кај мене, со анестезија пункција така сакав јас, ама за жал ништо. А за прогрестеронот мене и Таше и во Ремедика и Трајковски ми го мереаа, а Снежана во ремедика баш ми спомена дека ако ти е висок прогестеронот нема да ти правиме трансфер, ама сепак ми направи трансфер затоа што ембрионите не беа квалитетни и нормално беше неуспешно 3 ивф. Поздрав
@NNA I kaj mene se sluci istoto prviot obid.. prazna folikula , ama eve vtoriod obid izdrza samo 1 folikula I so nejze za sreka zavrsiv so transfer. E sega sto ke bide ke vidime. Ne se razocaruvaj . Znam deka e tesko , ama ne se ni odkazuvaj
Девојчиња ве молам да ми одговори некоја што купувала некои ленти на база естроген од Бугарија ...во кој град сте ги нашле, како им е називот, цена, дали имаат влијание некакво сте , имале ли подобрувања од него и начин на апликацијата фала ви однапред
Не се секирај мила, ќе биде следниот пат. Земаше некои таблети претходно? Прашај го докторот, мислам дека Овунорм се мн добри, или Мака, ДХЕА,.. повеќе протеинска исхрана..
Оффф не ми е прв обид душо, а на природен циклус ми е прв. Веке не знам што да мислам, фала за убавите зборови. Ти посакувам ти да успеш да ги видиш 2 цртки. Поздрав Фала душо, ми даде Дхеа, и проксид за жени и мака пиев, ми рече пауза да правам до 12 месец па после ке видиме.Поздрав
Животот продолжува понатаму, нема откажување. Мора да внесуваш суплементи. Верувај, многу ќе ти помогнат.
Ве гушкам сите што овој пат не успеавте. За ова со прогестеронот јас знам дека се испитува само на приредн циклус. Ако има пункција се уништуваат фоликулите и не се претвораат во жолто тело што природно лачи прогестерон. Затоа секогаш при ивф е задолжителна прогестеронска поддршка. Е сега со каков прогестерон да се оди е веќе одлука на лекарот.
Инаку, во врска со Прегнилот да кажам од мое искуство. Минатиот месец на 13-ти ден од циклус вечерта во 23:00 примив Прегнил и Цетротид, а мене фоликулите ми прснаа во меѓувреме за околу 24 часа од инекциите. И наместо пункција, ние правевме инсеминација. Дали има некој информација во кои случаи прснува порано од 36 часа?