Не се вшмукува цел фолекул туку течноста од фолекулот со јајцеклетката.После тоа фолекулот го лачи жолтото тело.Пријателка една пред некоја година стана мајка,кај Иванов во систина правела инвито,ми кажа дека воопшто ништо не примала после инвитрото,освен витамините.Прво инвитро и беше.Се чудеше кога и кажав колку лекови ми дадоа мене. Сега гуглав и прочитав дека ако се извлече цела течност од фоликулот,немало што да се претвори во жолто тело.....збунета сум и јас
Не сум стручна да кажам. Од она што сум читала е дека целиот фоликул се влече, па после од течноста под микроскоп се изолираат ј.клетките. така да нема што да е жолто тело. Затоа и сите сме на терапија. Инаку, со толку фоликули би требало да имаме секогаш повеќе прогестерон. Замисли сите 10, на пример, да почнат да лачат, плус вештачлиот. Ова е сепак лаички..
За ова со влечењево на фолекулот сум сигурна.Кога ми правеа пункција на природен циклус бев свесна,и сестрата ми кажуваше што прават.Кажа сега ја влечеме течноста од фоликулот,после ке проверат во лаб. дали има јк.А и на јутуб се гледа дека остануваат фоликулите.Сега негде и читам како од пункцијата биле оштетени фоликулите па жолтото тело немало толку ефект како при нормална овулација.Ама ова и предходно е читано од форум.Незнам зошто би лажел докторот кога и викаше на ембриологот,она ке има еден куп жолти тела и уште повеке ке расте прогестеронот.Да ми беше низок па да тешеше ајде ми,ама ембриологот вимаше дека ми е висок прогестеронот,а др го кажа тоа.Нека праша некој што ке оди на др,што се случува со жолтото тело после пункција и нека ни каже
Па се' мислам дека ден пред Прегнил трите фоликули ми беа по 19-20 мм Ајде кај тебе брзо да поминат деновите до четврток, па да ни пишеш убави вести
И јас имам 3 фоликули,од кои 2 биле големки а едниот е помал.Се надевам дека се ќе биде во ред. А кажете ми:колкави се шансите да се остане бремена,со полип од 4 мм.Демек во гак ми го извадиле,кога виде иваноски,уште е тукаСе изненадивме и двајцата и некако многу сум изнервирана и исплашена.Плус е баш на средина во матката,баш каде што треба да се врати ембрионот Фала ви на убавите и искрени желби и мисли. Сакам сите што побрзо да ја напуштиме оваа тема и да се префрлиме во најубавата тема,во труднички
Ајдеее со лесничкоооо во четврток да извадат убави ј.к да се оплодат и назад во мешко...главата гореееее само и позитивната мисла фатија за вратче и не ја пуштај а на лошите мисли скарај им сееее...Овој пат ќе се успее ќе видиш
Интересен текст на Др.Јани за стерилитетот, бременоста и тромбофилијата: http://www.fakulteti.mk/news/17-11-...bofilija_procentot_e_drastichno_zgolemen.aspx
Да и јас го читав. Јас мислам дека и среќа е во прашање, но дрИвановски e убеден дека една од причините за неуспешното инвитро е што не примав клексани. Тоа е промена во терапијата после ЕТ. Тогаш со 2 бластоцисти ништо, сега се фати еден осумклеточен. Којзнае...
@kostarika мила, на кој ден правеше тест? Мене ми е 6ти ден од трансфер, и веќе ќе полудам... кога најрано да направам, не се издржува..
А баш се зачудив зашто после пункцијата ми пишале фрахипарин како дел од терапијата, кога сите испитувања на трансфузиологија ми беа добри. Сега ми е малку појасно
Ма не можам да издржам. Ме боли јајник, ми се оди во тоалет на секои 2 мин од нервоза..знам дека е рано, ама мислев мож некој ќе пише направи
@Bibi30 Hahaha . Kostarika napravi na 9ti , ja za da i dokazam na drugarka mi deka nema da pokaze napraviv na 5ti ( nezdrava rabota ) . Sve me boli I mene, spijam ko luda,ama ke si cekam sabota . Ne sakam da si ja sjebam nedelava ako nisto ne bide
@lalapo и сите што сте во процедура ви посакувам успех и висока бета.На тие што се во исчекување ви посакувам висока бета ||