И јас прашав за втор ваучер како и што бараат, ама никој не ми одгвори? Може некој што има искуство со втор или трет ваучер да ни каже што бараат?
Ќе се потрудам да ти објаснам одамна беше кога аплицирав за втор ваучер. Покрај извештајот од претходното ивф Треба и микробиолошки брисеви,хепатит в и ц,хив,два спермограма за мт, Со еден збор скоро се што се праќа за прв ваучер но без инсеминации и мислам дека пап тест не бараа зошто пап тесто важи една год. На ова се сеќавам малку како во магла ама знам дека јас се ова испратив. Се потрудив да помогнам се надевам дека успеав. Сепак сигурно ќе пишат и др членки кои сега скоро поднесувале док за втор или трет ваучер.
Јас немам искуство, ама имам читано на форумов дека треба да се достават извештаите од претходното ивф, од пункција и ет, како и останатите резултати кои се бараат за ваучер, крвна слика, инфективен скрининг за двајцата, хормонски статус, микро-биолошки испитувања, пап и спермограми, сите овие не постари од 6 м., се како што е објаснето на страната на ФЗО во однос на временската важност на истите, е за втор ваучер дали ќе бараат 4д и хсг не знам (хсг сметам дека не би требало да бараат), затоа што биле поднесени за прв и веќе ги имаат, а тоа може и да се праша телефонски во ФЗО. Ако испуштив нешто, дополнете...
Се што се бара за 1 ваучер треба и за 2. Резултатите за брисеви,хормони 4д не постари од 6 месеци, пап не постар од 1 година, 2спремогами од различна институција,хив и хепатит(за двајцата)не посатри од 6 месеци.Резултати од хсг,хистероскопии лапараскопи се што имаш(овие не се временски ограничени), е сега за инсеменации незнам како е зашто ја не поднесував, а не поднесов ни извештај од претходно ИВФ. Се надевам не испуштив ништо.
И јас како тебе бев со полипот. Мислев дека е изваден, ама оп не беше. Мене матичниот тогаш ми го виде. Маточниот гин ми рече дека имал случаи каде што природно забремениле со поглеми полипи од мојот. Но дека ако веќе го има и ако не доаѓа до бременост мора да се вади. И ми рече дека и да се извади може пак да никне, дека можеби пак ми никнал. И дека можеби има и лузна на местото на полипот. Ама кај мене 2 риот пат се извади дефинитивно. После тоа веќе го немаше. Значи јас го вадев еднаш 2013 год(кога не се извади всушност) и 2015 година преф ИВФ од фонд, кога се извади вистински. Инаку инсеминациите ги правев со се полипот. И првите 2 ивф ги правев со се полипот. Од кога го извадив, во следното ИВФ останав бремена(заврши со миссед аб, заради трисомија). Така што, треба да си го слушаш лекарот. Ако вика да се вади, вади го. Тоа е .... со среќа И со среќа
За втор треба се што и за прв, плус извештајот од направен трансфер или ако немало трансфер извештај од пункција. Среќно!
Значи денес ми е 6ти ден од трансфер и може? А трансферот ми беше на 5ти ден... знам дека сум досадна, ама изгледа не е работата за тестот, работата е за резултатот. Од не дај боже разочарување се плашам. Еве дур пишувам и раце ми се потат и тресат..
Душо, нормално е така да се чувствуваш. Дали денес или по една недела, резултатот секако ќе го знаеш. Затоа, храбро Мое мислење е дека не мора да се чека 14 дена, кога може и порано да се дознае. Да, можеш, и денес или почекај утре сабајле.
Bibi30 колку порано го направиш тестот толку е поголема шансата бетата да е ниска. Рачунај расте и се дуплира на 48 саати. Значи ако рано го направиш тестот може да се разочараш а всушност да има бременост. За да не мислиш на тоа излези прошетај, гледај филм, ако си вработена и не ти е физички напорна работаат оди на работа. Со седење и мислење на резултатот освен што се нервираш ништо друго нема да постигнеш.
Сеа нешто читав по интернетов на темиве прогестерон, а дали ти имаше полицистични јајаници? И на нет вика дека ако не се пунктираат сите фоликули, значи ако се недостапни, незрели итн. може да се доразвијат и да лачат прогестерон. Не знам ни ова дали е точно, од странски форум го прочитав.
@Talesia од она што го читав по интернет (не по форуми) високи нивоа на прогестерон на денот на давање на HcG инекцијата (Прегнил) или на денот на пункција се поврзуваат со помал успех на ивф постапката бидејќи прогестерон го „зрее“ ендометриумот. Тоа би значело дека зрелоста на ендометриумот и зрелоста на ембрионот нема да се поклопат и потешко ќе дојде до имплантација. Ова е базирано на статистика и сепак и ма и жени со висок прогестерон на ден на пункција што имале нормална бременост. Еве едно линкче каде што е објаснето: http://www.inviafertility.com/blog/...progesterone-level-on-the-day-of-hcg-trigger/
Na 9 ti Isyo bev i jas vaka site ve maltretirav i tuka i doma . Dali primase stop inekcija ili so zamrznati pravese? Jas znam deka neiscistenite folikuli stanuvaat cisti
Мене ми има најмногу логика да има фоликули кои веќе пукнале, па си лачат прогестерон. Баш сме добри со мозгањево