Истите документи кои се потребни за прв ваучер плус извештај од ЕТ или пункција и да се поминати 6 месеци од претходно ивф. Пребарај на страната на фзом. Еве може да се види и на линкот http://acibademsistina.mk/images/fzo/acibademsistina-fzo-IVF.pdf
@JoyJoy @Ѕвездички немам полицистични јајници, можеби ете др. сакал сепак да пробаме трансфер и со висок прогестерон, и во медицината не секогаш 1+1 се 2 Како и да е треба да го разјасниме ова со прогестеронот, многу не измачи хахаха ќе докторираме
За жал не, не бевме во можност финансиски, сега ни е криво. А да знаев за прогестеронов дека тешко ќе биде, ќе соберевме сили и ќе замрзневме ама нема веќе мислење "шта би било кад би било" нели, show must go on.
Фала мила,чекаме од тебе висока бета А за полипот,Иваноски ми го стопира ивф-то,баш заради тој полип.Наводно ми го извадија на гак и си започнав со постапката. Сега е веќе касно,ќе тераме со полипот.Па ќе видиме што ќе се случи
Не прават со празна, ради тоа што докторот нема да може да види на ехо каде го става ембрионот.. Зошто со празна? Јас правев грешка на првите 2 трансфери, одев со преполна и беше неподносливо, па ме празнеа таму. На последното дома ништо не пиев, тек таму пред да влезам се напив околу 300 мл вода и воопшто не ми се мокреше, па после трансферот бев во тоалет и се беше ок.
Јас правев на празна, имале слободен термин час порано од закажаниот па ме седнаа. Им реков дека ми е скроз празна,според лекарот беше во ред и така. Помина тоа, прашувам оти и мене ми беше невообичаено.
Луѓе, на 7ти ден од трансфер (5ти ден правев трансфер) имам бледа линија на тестот. Леле мн сум возбудена, да одам ли крв да проверам?
Ве замолувам роденденските честитки да ги испраќате во соодветната тема. Оваа тема не е општа, не е тема за муабетење, има конкретна намена и кога бараат нешто членките не треба да скролаат низ мислења со среќен роденден. Благодарам. https://forum.femina.mk/threads/Среќен-роденден.998/
Aииии каква радост, ме прерадува, а имав некоја интуиција дека ќе имаш позитивен резултат, браво мила, твојата позитивна енергија и упорност резултураше со успех! Еве, доказ дека треба да бидеме најпозитивни..! Честиткии, провери преку крв и израдувај не со висока-близначка бета! hug: