Со среќа! Нека си се оплодат, убаво да се делат и за две недели II цртки Со среќа миличка! Ти посакувам успех и II цртки Супер вести мила. Пуштам среќа за успех Девојчиња, јас се спремам за ивф на природен циклус. Имам три фоликили, еден водечки и потенцијален за пункција. Има ли некоја феминка информација колку чини пункција со и без анестезија и колку е ЕТ, во систина Ви благодарам
Идни мамички! Животот е многу суров.Немојте да се откажувате лесно.Борете се до крај.Кој што не го одел овој трнлив пат,незнае низ што се не поминуваме,само за да гушкаме барем едно детенце,било тоа да е со донирани јк,посвоено....Барем едно... Јас пред 7 год успеав а сега не.За мене борбата, заврши.Нека ми е жив и здрав Теодор.Тој ми е се во животот.Сонце што силно ме грее. На сите, од се срце ви посакувам,што поскоро да си се радувате со високи бети.Со вас и јас ќе се радувам.Животот продолжува. Извинете на долгиот пост.Некое време ќе ми треба да се подсмирам ама редовно ќе ја посетувам темава. На кој му треба подарувам:3 пакетчиња естрофем,декортин,фолна,аспирин 100,утрогестан од 200(има за 4 дена)и една инекција прогестерон депо.Пишете ми лп. Ве гушкам сите до една.
@lalapo ??? Сигурно не излезе нешто добро. Ти си силна жена, имаш што да гушкаш, а ако Бог даде ќе гушкаш и друго бебенце.
Да е жив и здрав Тео белото плаво слатко детенце и немој да жалиш за ништо...тој ти е се во животот проба битно беше мнооооогу упорна овие години и главата горе никогаш не се знае што Господ ќе ни подари понатаму.Живи здрави да сте е најбитно рацете ти се полни со златно детенце и не жали Гушни го Тео и кажи му колку го сакаш од тоа поубаво чувство нема.ТЕ ГУШКАМ
@lalapo Многу ми е жал што го читам ова Одмори, сигурно потребно ти е тоа. Но верувам дека ќе продолжиш со борбата кога ќе се почувствуваш подготвена за тоа.
Дали некоја има искуство со таблетите" Пентоксифилин"?? И ако да нека ми сподели дали имало некаков резултат од пиењето нивно ... фала однапред.
Ми се јави ембрологот и ми кажа дека ембрионите не се делеле. Тоа ми беше последниот ваучер од фондот, а за да одам на приватно,не сум толку финансиски моќна.Плус тежок машки фактор еве сега дури читав на извештајот ми пишува poor responder,што значи проблем кај двајцата. Дадов се од себе за уште еднаш да успеам,ама така ми било пишано.Ве гушкам сите и ви благодарам на поддршката. hug: Така е мила,полни ми се рацете,нека ми е жив и здрав Фала ти Оли ама борбата заврши.Сега знам на што сум и животот продолжува понатаму. Тешко дека некогаш пак ќе одам по овој пат,доволно изодев.Пак ќе речам фала му на бога и за оваа среќа што ми ја даде. Ве гушкам сите и ајде давајте II црти да се радуваме.
lalapo мила, никогаш ништо не се знае во животот, постојат безброј случаи, каде што после ивф природно се забременува, како и други алтернативи, затоа не очајувај, а и немаш причина за тоа, имаш златно синче. Уживај си во животот, со позитивна мисла и крената глава, Господ има план за секој од нас! Те !