Фемара има иста улога како кломифен, блага стимулација на јајници. Се користи за iui, но може и за ivf. Се пие од втор или трет ден од циклус, по една или две таблетки на ден, како ќе процени докторот.
Честитки, имај си убава,лесна и школска бременост. Уживај во најубавите мигови. И повлечи нога да многу од нас тука ја искусиме во најскоро време истата радост
Здраво на сите. Нова сум, се зачленив најмногу заради темава. Јас се спремам за инвитро. Примам супрефакт и од денеска почнувам со пуроген по 3 шишенца. Вчера испитував естрадиол, но не ми кажаа каков е резултатот, во четврток треба пак да испитувам. После тоа знаете што следува? Отприлика колку време треба да примам пуроген? Вчера ги прашав отприлика кога ќе ми биде трансферот и сестрата ми вика чекај да видиме како ќе реагираш, а јас нестрплива сум и по природа. Поздрав и посакувам сите во темава да не огрее .
Честиткии! Лесна и школска бременост! Уживај во најубавиот период од животот! Повлечи не’ за носиња сите!
@VenusVenus честиткииии Ептен се радувам вака и дај боже сите што поскоро да се тргнеме од оваа тема и да се префрлиме во труднички. Само успеси на сите што поскоро
Здраво на сите. Ми треба ваше мислење. Денес сум на 10-ти ден од стимулација. До сега има примено 30 мерионали ама биквално без никаков ефект. имам три фоликули само на едниот јајник од кои најголемиот е 9мм. Фала богу денес ми ја запреа терапијата бидејќи мене уште од првиот преглед ми личеше сето ова залудно ама ајде.....прашањето ми е дали се има случено на некој од вас после запарање на хормоналната терапија фоликулите сами од себе да си пораснат до некоја разумна големина за пункција? Фала и успех за сите
Да, мене ми се има случено, со таа разлика што кај мене имаше само еден фоликул, којшто беше 7-8 мм и почна сам да си расте по прекин на стимулацијата. Добивме 1 ј. клетка, но по оплодувањето се дегенерираше .
Одмори се од цела постапка и со нови сили кон позитивни резултати. Едно научив во текот на оваа битка, дека бара многу многу трпение. Среќни сме што се имаме една со друга за меѓусебна подршкаТи посакувам 2 бебушки одеднаш во наредниот обид, од срце! Честитки мила и цела бременост да ти е со лес!
Ти си храбра и позитивна личност, главата горе, сите знаеме колку е тежок овој пат, ама сум сигурна дека на крајот од тунелот не чека светлина!Со заедничка подршка ќе успееме, нема откажување!