Треба са се поднесат 2 спермограма од различна институција,од кои едниот да не е постар од една година...
Aјде, собери ги документите, ваучер и со нови сили во нова акција до успех мила, ќе не помилува Господ сите нас. За спермограмот да, како што одговорила Tukituki, така e. И јас ве сите и посакувам среќичка за сите нас!
Ти благодарам многу за подршката многу ми значи.Ви благодарам многу,сите заедно еден ден да коментираме за нашите дечиња ова да ни биде тема за во иднина, труднички и мајчински муабети.
Нормално е да испаничиш, ама и да се смриш после тоа. Со лесно боцкање. Ја овде до 101 и назад можам да пишувам, ама кога се работи за мене, ееее... и јас си паничам не си само ти.
Aмин Боже. Со Божја помош, со меѓусебна поддршка и упорност, ќе успееме сите! Иако не ве познавам, амааа ве сакам сите!
Јас крпа држев кога ги кршев за да не се пресечам. Има време, штом е 13 мм, ќе порасне и ќе се качи естрадиолот. Докторот ќе следи ситуација, ќе видиш дека се' ќе биде добро, ќе си се качи Е2. Доцна овулација ќе имаш.
Јас да се пријавам вчера ја примив првата инекција пурегон. Имам висок праг на издржливост, но премногу ме здоболи мислам дека ми потфати сестрата некој нерв. Денеска со втората полесно поминав друга сестра ми ја ставаше. Како се справувате со настинка, растечен нос и кашлање за време на процесов. Некако се чувствувам настинато, а не сакам да земам никакво апче...Дали е можно заради обична настинка да се одложи трансфер? Може глупави ми се прашањава, ама стварно немам искуство. И дали во четврток докторот ќе ми прави ехо и ќе броиме фоликули или и вагинален преглед?
Вагинално ќе броите фоликули За настинката вит Ц 2*1000 , чајче, прегорен шеќер со путер и млеко. Ќе се оправиш до трансфер. Среќно
kukla21 и milobebence, минатиот пат ме вратија за уште две иуи, зашто за првата не го доставив извештајот нарочно, претпоставував дека ќе ме вратат (истиот е со погрешни наводи), откако ме вратија морав да го доставам и тој скапан извештај и извештајот за четвртата иуи. Еве зошто, во извештајот од првата иуи, Ивановски има наведено дека имам интрамулеарен миом и препорака миомектомиа, а нема благе везе ова, имам мал субсерозен миом, скроз надвор од матка и 6-7 специјалисти го потврдија истото дека нема потреба да се чепка и дека е скроз надвор од матка, апсолутно ништо не пречи. Како го имаат видено таквиот извештај, во кој не знам зошто пишувал такви работи, ме вратија за миомектомиa. Сега при повторното одлучување не ги имаат ниту погледнато останатите извештаи, меѓу кои и финалниот со кој сум упатена на ивф без никаква пречка за истото. Не знам веќе што да мислам и дали има шанси да се исправи овој гаф?!? Ако имате слично искуство, споделете, веќе стварно немам нерви... Дали можеби со дополнителен извештај од спец. со образложение за каков миом се работи, би се исправила грешката?
Дополнителни испитувања-миомектомиа-отстранување на миом. Така ми кажаа телефонски, известувањето ќе го добијам деновиве, ама така пишувало. Јас си размислувам, дали ќе се реши ситуацијава ако земам извештај со кој ќе се образложи дека миомот не е за вадење? Во тој контекст, мислев за нов документ...
Најубаво е да појдеш и да разговараш со докторите што се во фзо. Замоли го Ивановски да ти пише мислење дека се работи за субсерозен миом. Пробај така. Чудно ми е да ти пише дека е во матка, а да е субсерозен. Ниту исто се поставени, ниту изгледот им е ист. Имаш мислење од други доктори (кои) дека е субсерозен? 4Д имаш доставено? Што пишува таму?
Во секој можен извештај пишува дека е субсерозен, на извештаите од двете хсг-а пишува дека е се е во ред со матката, нема ниту еден друг извештај со таков навод дека е интрамулеарен, освен од Ивановски, а и он ми викаше дека е субсерозен цело време и еднаш му текна демек од некоја страна му изгледал како да е интрамулеарен. 4д доставив, на кое се гледа идеално дека е надвор од матка, не знам зошто ми се имаше зафатено Ивановски за тој миом, само за него ми збореше на секој преглед, веќе депресивно ми беше, не знам како не не’ сфаќаат низ што поминуваме... Значи, 1000000% субсерозен! Прво, јас самата сакав да го утврдам ова, заради себе и има генерален став во медицината од поново време, субсерозните миоми да не се отстрануваат. Претходно кога ги разгледувале документите, виделе дека е субсерозен и затоа само за иуи ме вратија, дека фалеше стварно уште една, ама сега кога го имаат видено ова, не се замарале да ги анализираат сите извештаи.
Не мора да знали дека те вратиле заради тоа што баш во избештајот пишува така. Може процениле дека треба да се вади иако е субсерозен. Колкав е?
Па можеле и од прв пат да ме вратат за тоа, а не за иуи, 3.5 цм. Ќе се обратам во Фондот, ќе разговарам со докторите, па ќе видам. Знам случаи ко мојов, а и моја другарка конкретно, со субсерозни миоми, каде што без проблем одобруваат ваучер.