Мој совет ти е да не се нервираш. Тоа е ФЗО..... со нив не можеш да излезеш на крај. И да отидеш таму, да зборуваш со докторите, исто ќе биде, дури и полошо. Ова од искуство ти го кажувам. И јас имав 300 проблеми со нив и на крај, нормално, се откажав. Не можев веќе со нив и си почнав сама, без ваучер. Ако не направиш како што пишале во извештајот, нема да ти дадат ваучер.
И јас имав субсерозен миом и немав проблем со ваучери - 2 пати. Ама мојот помал беше. Има некои нови мислења дека по одредена големина и субсерозните влијаат на исходот од ивф. Наводно прават некакви вибрации и со тоа ја контрахираат матката и се отежнува имплантација. Мене по последното ивф ми порасна сантим и Митко исто викаше да се вади. Ама не го извадив.
Па нормално, кога докторите сервираат така, они тоа чекаат да се фатат за нешто Знам и за тоа, ама он беше за директно ивф да правиме, тогаш како не пречеше според него.., јас не прифатив одма ивф, зашто немав направено ниту една иуи и сакав да си пробам среќа. Мислам, наидов на многу контрадикторности, да не беше така, немаше никогаш да сменам доктор, не можев да замислам да менувам д-ри, ама ете, морав и тоа апсолутно оправдано, затоа што во спротивно немаше да отидам ни на рутински преглед веќе, секое одење ми беше стрес. На крај, се испостави дека бев во право, знаев дека заради тој извештај ќе ме вратат. Он сите ги убедува да отстранат миом, моја другарка по негова препорака, отстрани миом, направија ивф, неуспешно, и се појави повторно миом, го отстрани и тој, пак не успеа, и се појави и трет и пак ништо, ама сега веќе не го отстранува. Има безброј случаи со миоми, забременуваат и раѓаат без проблем. Нема правила во медицината, ама не е дозволено и наметнување мислења, спротивни од ставовите на грото специјалисти.
Прв пат слупам мислење на инсистирање на ивф без иуи од кај него, посебно без индикација. Миомите може да се појават пак и најчесто се наследни. Не е како септум, отстрануваш и тоа е тоа. Не е дека миомот е единатвена причина за неуспех, ама ако друго се е ок, тогаш останува и тоа да се среди. Мене заради тоа ми препорачуваше - се е ок, уште ова остана да се види. Како и да е збори со фзо најубаво.
Значи, кај мене немаше друг проблем, а кај мм нешто намалена морфологија и подвижност и не упатуваше директно на ивф, а мм инаку има добра бројка, околу 30000, што е ок и за иуи. Јас те сфаќам дека ти си сигурно задоволна од него, зашто кај него си успеала и го почитувам тоа, ама конкретно во мојот случај, се’ што ви кажувам е 100% вистина, немам никаква полза да не ги кажам фактите, се работи за мене, барам консултација, ако прикријам нешто, логично е дека ќе добијам погрешно мислење или совет. Се разбираме добро, само што немаме сите иста среќа кај одреден доктор. Тоа е реалноста. Како и да е, ги ценам и вашите мислења, ви благодарам за мислењата, а за останатото со Божја помош на сите!
Нема зошто да се лажеме и да не ти верувам. Обично тука претежно се пишува дека ги маткаат со иуи наместо директно на ивф да ги пратат. Ова е мој впечаток од тоа што се пипувало тука. Намалена морфологија и не е бап слаб индикатор. 4% и помалку е апсолутна индикација за ивф.
Па да, ама не успеа иуи, мали се шансите со иуи, сега таман мислев ќе одиме на ивф, пак барикада. Тоа е, не знам што ќе направам со ФЗО, ако не успеам, после ќе мислам што да правам, ама се’ ова изморува многу, исцрпува...
Сега ќе пробаш да искулираш месецов, ќе се подопуштиш за празнициве и по нова година ќе си ги земеш ескимците од другата градинка. Тоа е Маци, оваа година не беше наша. Ама следната ќе биде,мора да биде . Те гушкам
Денеска неубаво тргна денот, баш ми е жал мила, собери сили да се смириш и стабилизираш, да одмориш малку од се’ и со нови сили во нов поход! Леле, колку бев изнервирана од сабајле, а сепак сум имала сили за позитива, тоа сме ние, силни и тврдокорни женчиња, мора да успееме душо, на ваков или онаков начин, успехот ќе дојде кога Господ сака, а не кога сакаме ние. И да се нервираме, не вреди, веројатно не е дојден вистинскиот момент. Те гушкам и верувај во успех! hug:
Баш ми е жал. Биди јака. Ако имаш уште ескимчиња ќе пробаш пак. Си испитала ли се на трансфузиологија? Некогаш помага и самото пиење Аспирин 100 пред и по трансфер зашто подобрува циркулација.
Колку пред трансфер треба да се пие Аспирин 100? И јас сум со муатција, треба да пијам, ама не знам точно колку пред ет требаше?