само без откажување. Исплачи се, одмори се, прослави ги празниците и после со нови сили во наредна и дај боже последна постапка.
ја сум редовна на трансфузиологија,со години наназад. И аспирин и клексан, и метилирана фолна, и еден куп други витамини. Тоа е. Уште еден еским имам. Здравје, штом ќе може си го зимам назад. Единствено што сега не правев, е што не вежбав... можда е до тоа. Фала ви на сите за подршката. Многу ми значи.
Девојки утре во 10ч имам пункција,малку возбудена,малку исплашенА од се по малку.Иначе викендов си накитив се дома,елка цел дом ми е новогодишен и генералка направив пред празници зашто нели после нема да можам да работам хахаха филмови еден куп у глава(важно да сме позитивни)Знам дека е многу рано,ама вака ќе се чувствувам поубаво ако стигнам до трансфер и седам дома...празнично,магично,покрај елка со некоја книга и многу филмчињаИ да сега во четврток закажав една релаксирачка масажа со мажето да се опуштиме од се и сешто.Ќе биде се,како што е горниот никој не е,дали порано или покасно ќе ја осетиме и ние таа радост
Ти посакувам успех и висока бета! Колку слатко ми звучиш со плановите и новогодишната атмосфера, магично и убаво! И јас кројам планови исто ко тебе, кога треба да започнам нешто, чистам, средувам се, генералка, за да сум раат после... Да ти се исполни желбата и да си славите во магична атмосфера со мажето.
Жал ми е мила Сега одмори се, и кога ќе бидеш спремна со нови сили, главата горе, и само напред! Те гушкам и ќе видиш дека се ќе си дојде на свое место, ќе си се наредат коцките
@Ѕвездички жал ми е, ама знам дека борец како тебе не се откажува! Јас единствено различно што правев пред последниот трансфер беа 2-3 акупунктури и мноооогу масажа. Верувам дека тоа ми делуваше убаво на телото и може и на тоа се должи успехот.
Девојки ендометриумот колку треба да биде пред трансфер? На последното ехо докторот ништо не ми спомна, а пред 3 месеци кога правев ехо ми бил 5,5 мм што мислам е многу тенок. Па така сношти ко се разочарав дали и хормониве си го прават своето... Има надеж да се реши овај проблем набрзина? Сум изумила да го проверам ова, гледав побрзо да соберам документи за ваучер...
Понеделников крш ајде ноември гитла крши глава.Мене денеска розев исцедок на бришење вчера бевме активни со мм,но ваљда не е од тоа.Неуспешно инф имав во ноември и имав менс 8.11.Сега сум збунка дали е имплантациски или се чисти организмот од инф дека бев стимулирана или да барам чаре на гинко.Фала храбри жени
Не се разочарувај пред време. На кој ден ти бил 5,5? При ивф се контролира се и ако треба лекарот реагира. Има лекови за задебелување на ендометриум, а има и малку поприродни опции како на пример цвекло и тазе ананас до ден на трансфер. Ти само доби ваучер па докторот нека му ја мисли.
Не да е крш, катастрофа.., како можеше вака да се погоди, ајде, ќе си ја чекаме нашата среќичка, ќе има и радосни денови со убави вести кога ќе славиме, само трпение. Среќата никој не може да ни ја земе. hug:
Имаш многу убава замисла и како зи замислила така да ти се оствари.После трансфер релакс и уживање.А после уживањето ќе следи висока бета.
Женски ај кажете ми преселени ли се њуборн и каде поточно оти не сум од Ск.Треба да одам да доплатам за ембрионите.
@Ѕвездички баш ми е жал, ама мора да се продолжи понатака, ете тоа едното ескимче чека, изгледа некое инаетче и сака малку да ја измачи мама @Lanic со среќа на пункција па да галиш меше @Недопирлива5 мила не се разбирам со фзо и ваучери, само не се нервирај и глеј ако можеш некој извештај + од докторот да извлечеш како што пишаа погоре