не никој не ми препорачал, сама отидов на имунологија го прашав што да испитам рече некои антитела и хла ...па ме замисли зошто е тоа испитување толку битно дали се совпаѓаат, како е тогаш со лица со донации нема како да им испитаат не го свакам баш ова па се запрашав дали да го испитам воопшто...
Јас сум правела на имунологија и трансфузија, но заедно со мм. А ако си со донација тогаш треба да им нагласиш за да знаат во тој случај !!! Ти единствено можеш да испиташ killer cells на имунологија.
Девојки заврши пункцијата. Извадени 10ј.к. па Господ да поможи. Лежам во систина уште малку и пат за дома.
Супер бројка сега да си се оплодат па во меше кај мама.Ти посакувам успех и со среќа. Супер ти испраќам среќа сите да се оплодат па да не израдуваш со висока бета.
И јас размислував дали ќе треба нешто од генетскиве испитувања да направам зошто и јас одлучив за со донирани.Да јасно е дека сите испитувања не треба ние да ги правиме зошто одиме со донирани но ,кога ќе одам на имунологија баш ќе прашам дали треба и кои анализи се потребни за испитување во мојот конкретен случај.
не ми спомна ништо за маж ми...му покажав се испитано до сега и рече антитела некои и хла...па за ова хла не му се согласив да испитам 4200 ден било и зошто мн ми е нелогично да е толку битно за да успееме зошто со донор ско сме како би било во тој случај нели мила... да ми рекоа за со донација не морало и логично ми беше дека тоа испитување џабе го прават која е разликата од донор до мажот ...а ова испитување и тоа килер келс што ми го пиша за која фаза се битни зошто јас имам замрзнати?
Софи јас и мм испитувавме и кај мене причината за неуспешните3 бремености беа антителата кај мене.Народно кажано резултатите ми беа вака:Организамот мој не го прифаќа плодот како свое и место да ми го задржи тој го одбива и имам спонтани.Пишував доста за тоа на форумот.Обично овие испитувања се прават ако има повеќе спонтани и повторувачки проблеми во бременостите.
Девојки, една консултација со вас. Сега пак проверив бхцг на 14 ти ден ( со ден на трансфер) 2342.. во саботата ми беше 790... ме фаќа паника, да не е нешто не е во ред, мн високо ми изгледа...
Биби само смирено, само на ехо ќе се види дали е се во ред, или дали евентуално се повеќе од 1 бебче.
Мила имам замрзнати ембриони дали во оваа фаза би било битно ова испитување хла или само до формирање ембрион е битно? а за антителата што пиеш?
Ќе пијам кога ќе забременам и треба да се консултирам со Дејан Трајков и ќе лежам на клиника па ќе видам што ќе направам.Според резултатите тој ми рече ако вредностите растат ќе ја примам терапијата,а ако не растат нема.Не знам како ќе биде.Прво да забременам па ќе ви пишам. Јас правев едно ивф сега во ноември не дојде до убаво бхсг,но во случај да имав ќе се јавев кај Дејан Трајков и со резултатот ќе видеше дали ќе примам терапија или не.А во твојот случај ако имаш замрзнати можеш да си правиш ивф без проблем и ти посакувам се најубаво.
фала ти многу и тебе среќа ти посакувам следен пат да е успешно...но муабетот ми беше дали кога имаш замрзнати е битно е ова испитување со хла или веке завршена работа е тоа со формирањето ембрион?
@Bibi30 Еве ти примери дека си во нормала, да не се секираш многу. На 18 ден од овулација (тоа е исто како 13 дена по 5 дневен трансфер) од 3559 жени кои имале успешно пријавена бременост (потврдена срцева акција) средна вредност на бета е 600, а имало и со пријавена максимална вредност од 12802. А за близнаци од 1766 жени, средна вредност 1142, највисока пријавена 9289.
ние сме правеле такво испитување, колку што се сеќавам беше да видиме дали имаме совпаѓања, ако има повеќе од 4 исти, наводно шансите за здрави ембриони се помали. Ние бевме упатени да го правиме тоа бидејќи не ни се оплодуваа јајцеклетките. После со резултатот бевме на консултации и ништо посебно не ни кажа докторот...само „бидете упорни“ тоа го запамтв А кој ве праќа вас?