Супер, сега опушти се и уживај си Мене ме интересираше од кога ги бројат неделите, дали од последна менструација како кај природно забременување, или од денот кога ги оплодиле јк?
Се бројат од ден на менструација. Бременоста е иста без разлика како дошло до неа. Опуштете се и уживајте во неа.
Ми рачунаат по мензис, и така сум 13+6 денес, ама зошто се стимулирав подолго, по пункција сум 13+2. Докториве мора да пишат по мензис, ама знаат дека сум 4-5 дена назад.
Најчесто според последна менструација. Но, ако пункцијата била подоцна 2-3 дена (или повеќе), може и по денот на трансфер.
Девојки после колку време од пункција ви јавија за тоа колку се оплодени?Кај мене помина 24ч,ама уште ништо почнав со паника
И јас во исчекување... Цело утро со правосмукалката и мобилниот во раце Жени будали, се да е под конец пред трансфер @Lanic во која болница си ти?
Девојчиња, сега ми се јавија од систина, од 10ј.к. само 3 биле добри за работа, останатите биле мали. Сеуште не почнале да се делат, ќе ми се јават утре пак...Малку сум во шок, очекував повеќе, ама што е тука е, останувам да се надевам дека ќе се случи нешто позитивно. Ако не со нови сили терам понатаму!
Само позитивно,ќе биде се И мене сега ми јавиа од 9ј.к се оплодиле 5ј.к и ми рече дека почнале да се делат...само ја прашав дали е тоа добра вест...рече одлична.Утре ќе ми јават за транферот
* mac82 и Lanic, ви посакувам успех во постапката и висока бета, не е важно со колку ј.к., некогаш и една, ама вредна, ја врши работата, така да не му ја мислете многу, само опуштено, Господ си знае што треба за нас! *
Брис(не постар од 6 мес)пап(не постар од 1 год)хормонален статус (не постар од 6мес),проодност на канали,4д,лапароскопија и хистероскопија ако имало потреба,4инсеминации,два резултата од спермограмот во различни институции во рок од 6 месеци,крвна слика само за жената,маркери за двајцата(не постари од 6месеци)две слики,извод од венчани,копии од лични карти,и формулари што ги имаа на страната на фзо од кои едниот треба да ти го пополни матичната...мислам дека ова беше се и јас си ги носев здрасвените книшки за секој случај
Девојки, дај каже те што друго да испитам за висока седиментација? Веќе 5-6 месеци ми варира од 22 до 55 и не можам да направам HSG,само тоа ми остана од документи за ваучер. Испитано ми е се,брисеви-пап во ред,заби,ехо на абдомен се во ред,незнам веќе што друго а немам никакви други симптоми или болки. Секој совет е добредојден,ви благодарам многу *
Со антибиотик најниско што падна беше 14 но не беше погоден момент за HSG. А имаше некои симптоми за бактерија во нос и грло?
Ако имаш проблем со грло и крајници, испитај преку крв ASO, тоа значи присуство на Стрептокока во организмот и ако е над дозволена граница, ќе ти препише д-р антибиотик. Седиментацијата зголемена како кај тебе, најчесто е од заби или грло/крајници.
Хронично си патев од гнојна ангина на крајници но долго време не сум била болна..пупу Ќе побарам и такво испитување. Теннкс