Мила колку што можеш смири се, слушај го докторот и мирувај. Ако е тоа решено да остане кај мама во меше ништо нема да го промени тоа! Позитивна енергија, верба и трпение! Сите сме со тебе
Депо да си примам на 4 дена. Ништо не направи промена, нормално било и често се случувало ова. Ама јас никако да се смирам.
Докторот што ти кажа, мила? Смири се, никогаш не се знае, ако треба да остане, ќе остане, не е страшно ништо, само смирено и со позитивна мисла. hug:
Дружино, ако ендокринолог ви рече треба Бромергон да пиеш зошто може да ти се качи пролактинот по трансфер и во бременост, а гинеколог што ве води ин витро ви вика не пиј ке го пратиме само пролактинот па отом потом кого би послушале? Некако не сакам да му кријам дека би пиела, а од друга страна нејкам да му оставам простор да ми рече ете поради тоа не успеавме ти реков не пиј...ендокринологов ми вика чим не ти одобрува пиј и не му кажувај не е штетно подобро сега да ти се привикне организмот за да немаш осциалции кога ке останеш трудна ...никако не сум...ве молам за ваше мислење што вие би направиле во ваква ситуација?
Јас би зборела со гинекологот, во смисла ендокринологот инсистира да го земам, па дали ќе штети ако го земам? Мислам ќе се согласи..
Подобро сега да се расчисти дилемата, после да не им биде изговор тоа, кажи му на гинекологот од која причина инсистира ендокринологот да примаш, за да се усогласат некако, иако тука и суети се во прашање..., ама биди упорна да најдеш нзс.
Да мила му реков една гримаса кога ми направи и ми рече не сега и викам а што ако ми се качи пак по трансфер он преврте очи као у стилот што ја му поставувам прашања вакви.. и вика ќе го пратиме секој месец пролактинот толку ми рече... Да мила баш погоре пишав кога му реков што ми рекла ендокринологов гримаси ми направи демек он си ја знае работата и никако не сум ..
Пробај уште еднаш, као пак си се консултирала и инсистирал да земаш,.. онака со арно пошто суетни се баајѓи. Во смисла: пошто инсистира, дали би ми штетело ако земам од сега? Нека објасни некако зошто да не земаш. Пробај пак, мора по сто пати за се, таков ни е патот, мачен
Затоа ти пишав дека суета е во прашање, можам да замислам..., сум имала такви ситуации, ако прашуваш, демек зошто толку прашуваш е работава... Пробај пак, спомни му у стилот: -као требаше да се договориме во врска со Бромергонот... Можеби има малку подзаборавено, па ќе се договарате поново... , нешто така смисли му. Мораме така мила, ама на крај на краиштата битно е да издејствуваш солуција, која ќе биде најдобра за тебе и да ја тргнеш дилемата. За нас, доволно е и само што анализираме, си трошиме енергија без потреба, затоа биди упорна.
Да мила ќе пробам пак само сега се мислам да му се поставам дека ми рекла дека мора а не дали можам па ке видам реакција ... не да ни е мачен патов а они со нивниве суети уште толку ни го отежнуваат ужас се...фала ти на советите Дада морам нешто тактички одоколу,зошто стално читам дека пролактинот штети ако е висок, има трудници пиеле бромергон незнам што му смета ако пијам инаку ке ризикувам да не успевам ради него...чат пат ми давал достинекс ке ми го прекине и пак ми се качувал и затоа ендокринологов вика почни Бромергон а не Достинекс ако останеш трудна нема да смееш него да го пиеш сакал нејкел вика пак Бромергон ке ти даде...фала многу ти на советите ❤
Смирено девојко, знаеш колку е штетен стресот, не ја влошувај ситуацијата. Има многу жени на форумов што прокрвариле и родиле здрави бебиња. Можеби е хематом не се плаши. Бета правилно се дуплира на два дена, значи бебето си расте како треба тоа е сигурно. Само опуштено и позитивна мисла.
Многу ми значи вашата подршка, знаете што значи секоја непријатност што ни се случува. Понекогаш тука ќе најдеме одговор отколку кај докторите. Сепак моралната подршка за мене е најдобар лек.
Еве ме пак. Пункцијата завршена, извадени 23 јајце клетки, а од нив 17 зрели. Па со господ напред се надевам утре ќе се знае дали добро се делат...
Браво мила, супер бројка, сега што повеќе квалитетни ембриончиња да се оплодат, вратат во меше и да се пофалиш со висока бета.
Девојки 4дена после трансфер си бев супер,е сега вчера ме фати некоја анкциозност паника одеднаш,се денес си мислам со тој стрес дека може несшто лошо си сторив на себе.Како се справувате вие во вакви ситуации?Смеам ли некое апче за смирување?А,и хормониве ми работат турбо,градиве толку мн ми се отечени и ме болат
Бедоксин 3*1 ( б6). И молим те опушти се. Каква анксиозност, какви паники... Долга ти е нивата за орање. Гали меше и прави планови како ќе ги минуваш следните 9 месеци со меше Опааа цела табла јајца. Браво. Со успех нека ти биде до крај
Мила, Добредојде во клубот на анкциозните што го имаат ко поклон и овој проблем ( инвитро) Јас 24/7 сум анкциозна секој ден различни симптоми, кога почнувам со постапкава уште толку ми се влошува...и никако не се справувам, бедоксини пијам друго не ни смееш али кај мене не делуваат...пробај дијазепам 2мг ама не ме факај на збор дали смееш или не да не те носам на душа, но веројатно можеш со оглед на тоа што пред трансфер ме боцкаат баш тоа....инаку правам се за релаксација но бар мене не ми успева да бидам опуштена умот ми оди таму ...знам не ти помогнав ич но знај не си единствена, да ти дадам подршка...со лесно и обиди се мозок на пасење да ти е, за брзо висока бета да имаш