Девојчиња, денес ми е 11 ден од трансфер. Пусто срце не издржа и вчера направив тест.Се појави, многу бледа линија,скоро невидлива. Здравје утре ќе проверам преку крв
Фала душо, уште сум некако скептик. Ептен бледа беше линијата, се гледаше само на дневна светлина. А за 10 ден би требало убава втора линија да има. Ќе видиме утре, дал ке плачеме или ќе се радуваме
Вообичаено е да е бледа на 10-ти ден, не се секирај, можеби се работи за подоцна инплантација на ембрионот, мое мислење е дека си трудничка.
И јас си купив сега тест од аптека,па здравје утре планирам 11 ден ќе ми е.Ама ме плаши тоа што имам симптоми како за добивање,стомак ме боли...надуени ми се градите ама де ме болат многу де не,ќе видиме....Како дехидрирана сум и сува ми е устава....несакам да се филмам незнам што ќе биде
Речиси никој нема јасна линија пред 12 ден. Со побледа втора линија бетата ми беше 400 и кусур. Со среќа за висока бета!
Честитки за новите трудници, а на сите што се во исчекување ви посакувам највисока бета! Едно прашање - дали некоја знае од колку саат почнуваат докторите во втора смена во Ремедика, поточно за Димитров прашувам?
Да да, знам дека утре е 2ра, за утре имам закажано само не знаев од колку часот точно почнува. Фала ти мила