Неможам никој да добијам од фондот за да прашам, кога праќавте документи за второ инвитро преку фонд , дали треба да поминат 6 месеци од трансферот или 6 месеци од датата кога е одобрен ваучерот за ивф?
Нека проба нешто што не пробал. Мене ми ставија овој пат некоја инекција пред трансфер Атосибан или некако така се викаше, да не се стегала матката. Ми ја зголемија дозата Декортин и освен аспиринот ми дадоа и клексан. Стварно не знам дали и колку има врска, но успеа. Димитров мене лично не ми прија како доктор, но во право е кога вели дека си среќна што имаш толку ембриончиња. Нека се фокусира на факторите на имплантација. Чувај се сега, ќе биде добро
Sakam da prasam dali nekoja znae br od nekoj sto izdava sobi vo blizina na sistina prasuvam za par od srbija sto ke pravat IVF vo sistina
Ми ја промени терапијата овој пат место кринон гел, утрогестан 3х200 и фраксипирин , ама ете пак немаше успех.
Девојки, тие што примате метил фолат, дали има влијание тоа што пренаталните суплементи содржат 400 мг фолна, во смисла да не се предозира, и покрај тоа што ние, што сме со мутации, не ја апсорбираме таа фолна?
Јас сега пијам 2х400 мг. метил фолат, а во пренаталните има плус 400 мг, па затоа прашав. Не би требало да штети. А, што друго пиеше од витамини и минерали пред забременување?
Мила јас пијам дупло од тебе два пати по две од 400, а исто пијам и фемибион кој содржи фолан исто и во други витамини имам фолна...али не ми спомнал др.дека штети големо количество фолна или метилирана баш го прашав дали може да се предозирам ми рече ти како се осекаш имаш ли некои нус појави викам не епа терај вика
Мила, што се’ пиеш од витамини и минерали? Јас често ги менувам и се мислам сега што да земам, го потрошив Фемибионот, ама не е многу богат со минерали.
Уште што не фемибион, витамин Е, Д, витамин Ц и Магнезиум сама си препишав, Овунорм, Коензим, метилирана, б комплекс, б 12 еден куп...ти што пиеш сега
Јас до сега пиев само метилирана фолна, Фемибион 1х1 и Овунорм 2х1, понекогаш и вит.Ц. Некако избегнувам да ми се собираат многу суплементи во исто време, не знам дали и тоа е корисно. П.с., Овунорм содржи и Коензим, затоа не земав плус. Колку е доволно, не знам.
Гледај пиј тоа што ти препорачуваат, мене едно време Мака, Коензим па после рече не тие Овунорм па сега пак зависи од ситуацијата...но од витамин ц и б комплекс немаш штета никако
Фала ти мила, затоа и ги искомбинирав фолна, Фемибион (содржи претежно б-витамини), Овунорм (содржи мака и коензим) и вит. Ц плус, а зимскиов период повремено земам и вит. Д од 2000 единици. Се надевам дека е доволно. Сите д-ри различни суплементи препорачуваат, а си треба и Хелти-фуд , не само со хемија да се кљукаме.
Нема на што тука сме да си помагаме ❤ Инаку станавме таблетомани, да израчунам колку пари давам само за витамини коса ќе ми се крене со маж ми викаме до сега со овие пари и кредит ќе отплатевме и нова кола ќе купевме, ама тоа е ќе се бориме дури можеме целта ни е најбитна за сега...но треба да мислиме и на тоа дека здравјето ни е пред се и секако љубовта со сопругот, а за деца Бог како рекол нема бегање од тоа да оставиме нему како ни пишал така❤