Секако одат многу пари мила, битно е да успееме, не сакам ни да рачунам, само за инсеминациите колку пари сме дале, за терапии, за витамини..., ич не ми е криво, само да ја оствариме целта. Господ е Голем, верувам дека ќе се усреќиме сите.
Мексичка сакав да помогнам за станот ама не е наместен а јас од желба за помош неразмислив.Ајде некоја друга членка да помогне.
Девојки, не успеав ни овојпат! Така требало да биде ќе се слушнам со Ивановски да видам што би предложил и дали е паметно да се проба на спонтан циклус...
Така требало да биде, за жал Овој пат неуспешно, но наредниот пат ќе биде успешно! Одмори, видете со докторот што ќе предложи и со нови сили до победа
Душо, не губи надеж, мора да успееш и ќе успееш, Господ знае кога треба да се изреализира се’, само вера и упорност! Нема откажување, продолжуваш понатаму! Те гушкам. hug:
Се слушнав со Ивановски. Ми кажа дека се практикува 1 месец пауза па нареден циклус сум на ехо 8/9ден. Ке пробаме на природен циклус. Па во новата година со нови резултати
Јас да си пишам извештај. Денеска ми е 5ти ден од трансфер. По многу малку станувам, искрено убаво ми дојде да се излежавам,а мислев дека ќе збеснам за надвор. За храна премногу не се замарам, јадам пред се здрава храна, лесна и течна, овошје и зеленчук. Протеини баш и не сакам, не сум воопшто љубител на јајца и риби. Не сакам ни да си ставам грижа на совест за ова. Сепак мислата е голема, дали се фатиле/о или не. Сакам порано да направам тест... Што мислите кога најрано може да покаже со 5 дневни ембриончина?
Дај Боже мила, Новата 2018 година да ни биде најсреќна! Со успех и висока бета мила, релаксирај се во предновогодишен амбиент, читај книга покрај елка, гледај филмчиња и слушај си музиче по желба, ама немој да заборавиш и да галиш меше!
Јас правев на 9 ден не ми покажа тестот ништо и направив и бета и беше 58. Може дека треба време до мокрача да дојде. Уживај сега во одмарање. Ти посакувам позитовен тест и висока бета