Да и јас правев два месеци пауза, така се препорачува обично...но еден совет од мене до тогаш прати си ги секој месец хормоните знам он не ти го рекол ова но послушај ме, и мене ми рече пауза меѓувреме ништо не прави и на следна контрола кога му бев рипнал Пролактинот па го одложивме и тој месец...не оставај на случајност биди си спремна...во новата година повеќе среќа ќе имаме верувај и до тогаш уживај, релаксирај се прославувај празници и оп дојде денот ❤
Додека го дочекам денот за таа прва контрола неизвеснст ке ме побудали, посебно дека сум дома. Домашниве не ми даваат ни лажица да кренам. Е сега по апликација сум 5+2 иначе сум 3 недели од трансфер. Сегде читам дека сега почнуваат сите знаци на бременост, болат гради , лошење исл. А мене градите до сега ме болеа еве денес ништо. Цел ден некоја болка во стомак чудна различна од претходно. Се паметот ми оди на лошо колку и да несакам. Кажувајте искуства.
Za ova poveke mozes da procitas na temata bremenost vo prvo tromesecie inace bolkite obicno se od sto se sire matkata
Не мисли на лошо кај сите е различно,јас ни лошење ни повраќање немав градиве чат пат ме болеа а менструални болки имам и ден денес ама поретко само поблаги се болките сега не се како предходно кога мислев готово ќе добијам17+6 сум.Не читај не се замарај гали си меше и уживај во бременоста се ќе биде во ред.
Тоа и ми е маката втората недела имав крварење за среќа се е добро бетата растеше. Градите многу ме болеа неможев да ги допрам и болки во стомакот кои се нормални. А денес скоро ништо. Затоа и се загрижувам. До сега само една инсеминација имав неуспешна и ова ми е прво ивф.
Нема правила душо, напротив ако немаш симптоми, мислам дека се’ е ок. Рано е за не знам какви симптоми.
Обиди се да се дефокусираш со нешто. Јас сум веќе единаесетта недела, и цело време истото. Многу симптоми - да не не е добро, малку симптоми - да не не е добро. До сега, симптомите кај мене флуктуираат, ден се посилни, ден послаби, ден ќе се загрижам дали воопшто ги има. Бев мирна само 2-3 дена по ехото, сега го чекам ехото во 12та недела, и верувај ми, не поминал ден а да не се запрашам дали ова или она е во ред или не е. Ти можеш само да се чуваш добро, да се храниш добро, да одмараш...ништо повеќе не можеме да направиме. Новогодишни бебулчиња
Ајде за убаво! Со лесно и успех! Да ве прашам тие што сте биле со анестезија. Потоа дали имавте некоја реакција на раката каде што се брцнува таа цевката? Мал оток имам и мала болка, а анестезија средата примив. Има место за паника или нормално е?
Јас имав оток на вената каде и брше иглата од канилата. Ми се направи како топче,сестрата одма ми рече да ставам борова вода облоги и веднаш ми спадна. Кај мене имнфузијата не одеше убаво најверојатно беше затната канилата од анестезијата .За еден ден ми се врати во нормала.
Заборавив како се вика, ете @Milobebence ме потсети дека е канила. Мало пластично цевче што де става во вена. Не цевка, цевче. Лошо се изразив, не е ништо страшно, не плаши се Мене отокот не ми е на дланката каде што беше канилата, туку погоре ми е, после зглобот. Прво кај дланката имав мал оток и помина, сега малку ми е отечено после зглобот Четири дена се поминати од анестезијата.
Мене псоле последната ансетезија ми се „затна вената“ после тоа никако не можеа да ми извадат крв од таа рака, а после некое време, тоа све ми помина, а вената ми се повлече целосно и сега воопшто не се гледа... и не се ни обидуваат да ми земат крв од таа рака ама нема оток, ниту боли. Тогаш сестрата и анестезиологот ми рекоа дека ништо страшно, тоа се случувало понекогаш, така што ја не секирам нешто посебно околу тоа... ама сепак можеш да одиш да те видат... за ти да си бидеш мирна.