Ако ова борова вода е за отоци помага кога има оток.Јас и кога имав оток на коленото ставав,татко ми ставаше кога имаше проблем со брухот и на свеки и стававме кога имаше оток многу помага.Е сега јас знам дека се вика борова вода ама имаше уште еден назив ама заборавив како се вика. Прашај си го и др за помирна глава и едноставно да си бидеш раат.
Бев во аптека, ми дадоа да се мачкам со Хепатромбин гел трипати на ден. Ваљда нема да зезнам нешто повеќе Отпосле ве прочитав за ациди борици
Ни тоа, ни тоа нема да ти помогне веднаш така да.. во секој случај купи утре Ациди борици и ставај облоги со тоа ќе имаш побрз ефект, денес ставај ладни облоги од вода, а Хепатотромбинот ставај кога отокот ќе исчезне и ќе ти излезе убаво модрицата, бидејќи тој е повеќе за модрици или ставај и по облогите нема што да изгубиш Со лесно
Ациди борици или борова вода, се става за било каков оток, а и против црвенило (дури и за на лице го имаше препишано дерматолог заедно со маст), така да ставај облоги слободно, треба да има ефект. Хепатромбинот, како што ти кажа emkaemka, се става против модрици, модрицата кога ќе излезе, си поминува и сама од себе, ама не е на одмет доколку ти излезе, да си ја мачкаш. Ништо страшно, ќе се повлече.
Ациди борици летово сум користела капки за очи и веднаш ми помина иритацијата, само ме чуди како овие вчера не ми понудија за ракава. Т.е. не ме чуди, тотално незаинтересирани беа кога им го покажував отокот. Морам да кажам дека инстантно ми се смири болката со гелов, веднаш кога се намачкав ми попушти. Сега ќе одам по Ациди борици и ќе терам со тоа и се надевам брзо ќе помине. Ви благодарам за советите
Ќе помине брзо, не се грижи, мене еднаш од лошо боцкање у вена, ми се појави модрица и мал оток, со ништо не третирав, само по себе си се повлече.
Првпат ми беше со анестезија, па мала паника ме фати. Но толку ме смирија одговорите овде, тоа е чудо. Видов дека не е нешто ненормално и ми го стопиравте мозоков да не забегам во лоши мисли Благодарам од срце уште еднаш Ставам облоги и не му ја мислам, ќе помине
Затоа сме тука, да си помагаме една на друга да споделуваме искуства понекогаш е и доволно само некој да те ислуша за да си олесниш душа и да се добие по некој совет.Сега опуштено и уживанција во франција те .
Девојки ги земав резултатите од хормоните од овој циклус и ме удри шлог мислам...фсх за првпат 34 е минатиот месец 2 беше најмногу до сега ми бил 14, ЛХ исто покачено од минатиот пат 14 претходно 2,45. Естрадиол 9,45, Кортизол 890 минатиот 357... Прашањата ми се следни дали можно е да се пореметиле хормониве од што пиев претходниот циклус Кломифен? И дали ќе можам пак да си ги вратам во нормала, минатиот циклус речиси се беше супер сега ми се пореметиле па мое мислење е дека е од Кломифенот искуства некои надеж некоја има?
FSH 14 не е баш добар резултат, но 34 е многу. Провери си повторно следниот месец, а доттогаш можеш да земаш пченична трева наутро, чајчиња “здравец” и “женски чај” и многу суплементи (пр. Витекс), да пробаш да ги намалиш вредностите доколку кломифенот влијаел.
да и јас многу се загрижив во рок од месец дена драстично други резултати имам, до сега не видени ужас...не знам што се случило дали е грешка некоја или од кломифенот незнам ...да имам некој проблем преку ноќ нема ова да се деси мора нешто од тие две работи да е...
@Софија 88 и мене ми е чудно за месец дена толку драстично да се покачи. Консултирај се со др што да правиш понатака. Освен кломифен беше на др хормонска терапија? Инаку јас пиев витех и чај мацина трава-очајница чај и мака во прав и тогаш од 21го намалив фсх на 16. Со дхеа исто се намалува за да можеш да бидеш во постапка за ивф. Со дхеа од 34 мислам дека ми беше го намслив на 2. Обиди се да се смириш и види што ќе ти рече др.
да ептен е мила...нешто терапија не ми даде зошто имам замрзнати ембриони веројатно ради тоа во оваа фаза не му смета што е висок така јас си претпоставувам...фалааа ти на советите се надевам нареден циклус ќе биде поинаку ❤ да срце обавезно но планирам за наредниот циклус не сега, сакав на трет ден пак да испитам се да видам дали ќе има разлика...на докторот овие резултати му се сомнителни дека ептен драстично различни од претходно така ми рече па ќе видиме здравје... ❤