Дали само хормони проверуваше или и ехо имаше? Мене од кломифен ми се направи хаос како твојов... и полош. Ама после пауза од 4-5 месеци без никави лекови за стимулација се врати во нормала. Мене кломифен ми направи овулација на 3ти ден Инаку и јас сум пиела мацина трева како што ти пишале другите. Хормоните без ехо нема да кажат многу сами за себе, треба да се види и матка и јајници да не имаш нешто невообичаено. Дали имаш некои други симптоми? Ама мислам да не се секираш... во принцип на телото му требаат до 6 месеци да го исфрли кломифенот во целост (така ми кажале) Се надевам дека ова ти е минливо...
Девојки денеска ми е 8ми ден и имам како крварење. Не е црвена крв туку кафеав исцедок и не е обилен. Што да правам кажете совет?
да бев на ехо за некое чудо овој месец е супер ендометриумот може да се рече ко никогаш до сега а матката стандардна иста, а минатиот месец со кломифен не растеше дебелината воопшто...но ете на хормоните си имало негативно влијание, претпоставувам дека и од него ми е вака...овулацијата ти се врати во нормала?
Најдобро да се советуваш со др,можеш и тест да направиш. Ако е само кафеаво и без болки не е страшно,одмарај и обавезно консултација со доктор или сестра.
Дали беше на ехо на денот кога ти земаа крв за хормони? Треба во истиот ден, па д адонеста заклучок. Мене мислам дека ми се тенчеше ендометриум од кломифен, ставрно одамна беше 2013-2014 год... ама така нешто мислам... Све ми се врати у нормала, и овулација, и ендометриум, и расположение, и све. МЕне и лошо ми беше многу, онака со гадење со све .... Се враќа...ама треба време... само тоа, е ако можеш да чекаш е добро,ама ако треба да брзаш.... е тогаш и не е баш најдобро. А кломифен за што го пиеше? Не ми е баш јасно, имаш замрзнати, а пиеш и кломифен...ама ај докторот си знае. Кој ти ги препиша? матичен или?
не беше истиот ден трет ден хормони а десттиот ехото, а кломифенот незнам ни јас зошто некоја поинаква постапка сакаше да проба која не ми вроди со плод ендометриум тонеше, џабе и естрофеми пиев и се но затоа од нив една супер јајце клетка имав која ми беше утеха да не ме дотепа зошто ги пиев...ко утешна награда ја добив трансфер немав хормони еве какви ми се создаде но ембрион имаме на сета мака да се насмејам хахаха
Почекај, некој месец, ќе се среди... Ако навистина после 6 месеци не се нормализиа, тогаш барај друго, трето мислење. Вака кој и да ти ги види резултатите, би ти дал некоја терапија, ама можеби и не ти треба сега... Некои работи природно се средуваат...
Мое мислење е дека му треба време на организмот, не се стресирај мила, ќе се средат сами по себе и без терапија. Почекај извесен период и ќе видиш.
Предпоследниот пат кога бев со анестезија баш неубаво си поминав. Целата рака ми беше во болка, а прстот ми беше потечен. После едно 3 месеци се стабилизира rakata , ама и ден денес имам потечен и црвен среден прст. Болка немам, а тоа е најважно Девојки, пред некој ден заврши неуспешно мојот обид на природен циклус. Трансфер имаше ама без бременост. Веќе имам добиено ваучер. Кажете ми колку време би требала да чекам за да почнам со стимулација? Лекарот кај бев на природен ме советуваше веднаш да почнам со нов.Коклу би ми препорачале да чекам?Инаку кај последниот доктор никогаш повеќе нема да стапнам!
Девојки конечно направив и HSG. Систина и се е можно. Со седиментација 30, ниту ми побараа ниту нешто ме прашаа. Важно се е во ред, двете туби ми се проодни и матката во ред. Па сега со господ напред да се одобри и ваучер...
За некого еден доктор е добар, за друг, истиот тој доктор, не е. Сите сме различни. Штом не си задоволна, смени си го докторот. Едноставно, треба да постои доверба во докторот во текот на процесот, без разлика кој е и во која болница работи.
Се смири уште сношти, па сега пред некој сат пак имав ама овој пат две капки на гаќите. Не знам дали би можело да е од кринон гел што ставам...
многу ми е жал, ама ние сме јаки, и ќе продолжиме понатаму. Ајде одмори еден месец и после нова година со нови сили, пробај повторно. Се согласувам со тебе да не го именуваш докторот, бидејќи има челенки кои се во постапка и можеби се баш кај тој доктор,па да не им се уврти некоја мисла во глава. Ако сакаш пиши што се случи, без имиња, и ако тие се кажува во овој момент тоа ... Супер, Сега гледај да најдеш што ти ја качува седиментацијата толку. Викаат некое воспаление го предизвикува тоа, оди на обичен општ матичен, нека те провери. Веројатно не е нешто сериозно, инаку би имала некои симптоми. Ама за секој случај провери се. и ајде сега - ваучер