Пa ми викaјa oд тoa не мoжaм дa зaбременaм и јaс oдмa се oперирaв вo плoднoст и сум имaлa и септун и тoј ми гo oтстрaнијa е сегa зa дa видaм кaквa ми е мaткaтa требa хсг дa нaпрaвaм А зa тoa ми викaше др вo плoднoст декa зaвиси кaј ќе се вгнезди бебетo мoжи дa имa кoпликaци мoжи не aмa мнoгу се имaт изнoсенo без прoблем Не му јa мисли сите рaзличнo кaжувaт oпушти се и се ќе биди вo ред
И покрај цела позитивност мојот сакус ме напушти денес. Инстинктот не ме излажа, бев во вц и на бришење излезе цел. Испаничив отидов на ГАК прво и ме истретираа како животно: Што е ова овде ( покажувајќи накај мене легната гола на стол и чекам пола саат некој да дојде) систанав и право Ремедика и Ефремовски можеше само да ми потврди дека за жал сакус нема. Сега чекам да прокрварам да се изнаплачам и да мислам што да превземам сега. Ви посакувам само најдобро на сите, новата година да биде полна со позитивни тестови, високи бети и лесни бремености. Мојата битка изгледа само што почна.
Душичке исплачи се колку што треба, само не дозволувај да те обземе негативна мисла. Тоа е животот...Неркогаш успони, некогаш падови! Само верба и трпение, ќе си дојде денот кога сите ќе се израдуваме со здрави и живи бебушиТе! Ја имаш мојата подршка
Не го слушај докторот за се’ мила, понекогаш немаат ниту минимум сенз, за жал! Затоа, самата биди си добар психолог на себе си и не дозволувај да ти ја разниша позитивната енергија и еланот!
Баш така воопшто не мислат како се чувствуваме по се што ќе ни изнакажат, и да е нешто така треба да одбираат зборови, а они не загрижуваат уште толку ...мојот доктор иде од една крајност до друга. Еден ден пресреќна искачам што сум кај него а и он задоволен, за да другиот ден, биде со гримаси, загриженост и ми изнакаже работи што ќе ме замислат" да не не сум во ред" нешто пу пу. Фалааа ти на подршката те гушкам миличка ❤
Познато ми е тоа... Уживај и не му се замарај! Тука сме за се’ мила, во секое време да си дадеме поддршка!
Порано бев дел од оваа тема,сега не сум во тек со сите ваши проблеми ама мој совет ви е да не верувате слепо на само еден доктор,барајте повеке мислења. Двапати сум оперирана од миоми и формата на матката ми беше како партал па имав лесна бременост,така да се што треба од интервенции направете и ке си останете бремени без да ве плашат докторите и да се богатат на вашата мака.
Ваучерот нема да го изгубиш секако. Тој нема да ти пропадне ако не непарвиш ИВФ, само ќе треба после 6 месеци да поднесеш нови документи за нов научер. Не искористен ваучер не значи и пропаднат. Ова со септумот ни мене не ми е јасно, искрено. Можеби не е лошо да отидеш на уште неколку стучни мислења, бидејќи можеби е неспецифична состојбата, па види што ќе те советуваат. Сакам да кажам зошто да правиш ИВФ ако навистина има некој проблем кој треба да се реши? А докторот што ти вика? да правиш ивф? или да правиш операција?
„(1) Позитивно. Тогаш осигуреникот со позитивното известување треба да се јави кај својот матичен гинеколог и да побара упат за специјалистичко–консултативна здравствена заштита до здравствената установа со која Фондот има склучено договор за БПО, по избор на осигуреното лице, во рок од 6 месеци. По изминување на тој рок, матичниот гинеколог не смее да издава упат а осигуреникот ќе треба да ја отпочне одново постапката. Секое неискористено право на БПО нема да се смета за искористен обид.“ http://www.fzo.org.mk/WBStorage/Files/Upatstvo za pacienti so cekori.pdf Ова го пишува на сајтот на ФЗО.
Јас па сакам да ја знам вистината. Апсолутно е точно дека докторите се слаби психолози и треба малку повеќе да внимаваат на изборот на зборови и начинот на кој ги кажуваат работите, ама во никој случај не треба да ни ја скријат вистината. Тоа што тука правите споредби дека имате иста матка, апсолутно е невозможно. Нема такво нешто како две исти матки, посебно на форум, без ехо снимки, рендген. Сакам посветен доктор! Се друго е возможно додека тој се труди силно колку големината на мојата желба за бебе. И во медицина нема математики. Некои работи и најдобриот доктор нема да ги реши, ама ако се наместат коцките успех ќе има и најслабиот. Олабавете се, уживајте во празниците и верувајте дека следните празници со бебулче ќе сте
Кукле се е на место што кажа, ...инаку пишав погоре дека и да е некоја дијагноза точна они само треба зборови да бираат, а не реков дека треба да ни кријат. Мене докторот ми збори за сурогат мајки и сл работи, кои и те како ме вадат од памет неговите зборови не е можно да не те погодат умот стално таму ќе ти оди. Тоа ми беше муабетот дека ич не внимаваат ...а за ова матки исти не е за исти работата, нормално сите ќе си се разликуваме не може баш исти но по некоја си дијагноза форма отприлика тоа сигурно сме бар слични, и ние мораме да си побараме искуства тука, подршка, утеха на некој начин дека има решение и за нас затоа и е форумов нели размена нивна. Па Господ порано покасно за маката сите ќе не награди, треба да истрпиме и веруваме ...ние нашето а докторите нивното
Па и сурогат да е, се дур ти донесе бебенце не е страшно. Знам не е сеедно, ама ако тоа ми е начин за да дојдам до бебе, тоа нека е! Храбра си ти! Чекори храбро и глава горе! 2019 ќе ја чекаш со бебуш, сигурна сум!
Девојки, во предновогоднишната еуфорија, да внесеме повеќе ентузијазам, форумов да го моделираме во место каде што повеќе ќе шириме позитивна енергија и поддршка меѓу себе! Инаку, секој си е приказна за себе, а сакам да истакнам дека пред извесен период овде имам забележано објава, со која се оцрнува одредена клиника, а претходно истата содржина од истата феминка е објавена за друга клиника... Мислам дека треба да се воздржуваме од вакви дезинформации, затоа што во моментот голем број феминки се во процедура таму. Ако сакаме дискреција, не мора да објавуваме содржина со која ќе ги збуниме другите! Се надевам дека нема да бидам погрешно сфатена! Ве гушкам сите! Едит: забелешката не се однесува на објавите од вчера/денеска, туку за од пред можеби две недели.
Според мене, треба да се споделуваат и позитивни и негативни искуства. Добро е да се знае што се случува во некоја клиника. Си даваме поддршка и ќе продолжиме така и за убави, но и за неубави работи. Празниците за некого ќе бидат убави, за некого емотивно тешки. Најважно е да вложуваме во себе на секој начин: со читање, со суплементи, со посета на доктори, со размена на искуства, со позитивна мисла. Се се случува со причина.