Со лесно да ти пројдат деновиве и поскоро да бидеш на нозе.Се надевам ќе ти поминат болките.Утре нов ден и сигурно ќе ти биде подобро.Женско срце издржува се.
Фала мила ќе помине све еден ден дај боже сите наши маки да ги нема веќе да ни се исполни желбата на сите нас Ти благодарам многу дај боже да те слушне господ
Каде правите 4Д ехо на државно во Скопје? (за поднесување на документи за ваучер) не прашувам за мене, туку за една пријателка. по телефон на ГАК и рекле дека не им работи апаратот одамна и дека не знаат кога ќе проработи, а во Чаир и рекле дека нема такво нешто кај нив
Јас имам направено во систина пред некој месец нема на државно и јас се распрашав истото и мене ми имат кажано
За 4Д нема посебен апарат. Тоа е истото обично ехо, само сондата е друга. Може да направи и кај матичниот гинеколог, ако има таква сонда.
колку беше цената за 4д во систина? Нема матичниот таква сонда. (Затоа и ја упатил на ГАК, таму и рекле дека не им работи, и да се јави за некој ден. Еве денес се јави и се уште не им работи) А тие болници што имаат 4д ехо наплатуваат приватно, минимум 1500 ден. Затоа и прашувам, каде може да се направи на државно?
Кај мојот матичен 4Д се наплатува 900 ден. И тоа излегува најевтино. За ГАК и Чаир немам информација. Јас правев во Ремедика лани, околку 2200 ден беше (не ја памтам точната сума). Систина обично е малку поскапа од Ремедика.
Во Ремедика по телефон и рекле 3400 денес. во New Born 1500 ден Како и да е сите овие се наплаќаат приватно... Фала за инфо, ама не ми беше тоа прашањето. Ќе испадне дека се бара каде е најефтино 4д ехо, а ако е задолжителен преглед за поднесување на документи за ваучер, треба да може да се реализира во дражавна установа, а не да се бара каде е најефтино на приватно. Ем е задолжително, ем да си го палтиш! мислам... стварно претераа ФЗО...
Уфффф...... претеруваат со цените. Во право си и јас многу се лутев. На крај се ти излегува на приватно да си платиш. Ајде, со лесно нека и е на пријателката. Што мора да се плати, ќе се плати.
Проблемот е во неажурноста на институциите... Да не може еден (а како може да е еден во цела клиника) да не работи веќе извесно време, а ние да си молчиме?! Ние плаќаме здравствено осигурување секој месец, сакале или не, ни зимаат од плата! И сеа пак да се плаќа?! А е задолжително! Апсурд!
Јас пред да го правам последното ИВФ во документите го доставив извештајот од докторот кајшто имав намера да правам инвитро (Митко, Систина),, претпоставувам дека беше 4Д пошто го уважија тоа во Фондот и не ме враќаа). Во Систина ми наплатија мислам околу 1.500 ден. Така ми изгледаше најпаметно, ем докторот да ме види што како, ем извештај за Фондот.
Не секој може да одвои 1500 за преглед. А и зошто? кога тоа треба да може да се прави и на ГАК, па и тие таму имаат дозвола да прават ИВФ? Како? само да ми е да знам - со неисправен апарат. Ама ај да не излагам од темата вештачко оплодување, извинете многу се изнервирав од ситуацијата која инаку не е за мене... Ако знаете каде може на државно, пишете, секој совет е добредојден, ви благодарам.
Претходните пати и јас правев на ГАК, не ми се даваа толку. Комплицирана беше процедурата: Матичната закажува на Мој термин, одам таму сестрата вика во оваа амбуланта (според упатот) нема ваков апарат, го чекам докторот да се појави (Тофоски), ми презакажува за друг ден во друга просторија кајшто има. И одам рано пред да почнат редовните прегледи, во 7:45. Нека проба вака. Плус мислам дека не кажуваат на тел. точно дали работи или не, само откачуваат.
Прашањето ми беше каде да се направи, а да не се плати толкава сума. Бидејќи пријателката има здравствено осигурување. Ама изгледа никаде...
Девојки, да Ве поздравам и да Ви посакам среќна нова година и среќен божиќ. Мене за жал не ми почна убаво. Втората битка ја изгубив . Негативен тест, а толку многи се надевав, дека се ќе биде во ред овај пат. Бидејќи замрзнавме ембриони во Систина, сакав да прашам дали мора таму да се прави ин витро или има можност да се земат некако па да се прави на друга клиника? (Уште не сум одлучила каде)