Пишав закон на природата. Значи баба на 60 год дете не може да роди, ама дедо на 60 може да направи дете. Така природата решила.
Се самоцитирам, пост од 2010 година..жени не чекајте толку време како мене... прво инвитро 2017 што сум чекала не ми е јасно
Шо разбираме ние. Кој кога си сакал,тогаш. Сега сакам , веднаш сакам. И не ме занима ни закон на природата,ни етика. Ништо. Требало само желба да се има. Што убаво ќе беше и јас да си "мислам" како мечкичка. Постов малку ме наежи. Верувам дека е со убава намера,ама има едно ама.... Им посакуваш среќа на ОНИЕ кои сакаат да имат свое чедо, И на ОНИЕ другите,кои сакат да си посвојат. За мене детето кое ќе го посвојам ќе биде мое чедо.Мое и на мм. Борбата да стигнеме до дете е навистина тешка. Барем ти знаеш. Со среќа на сите кои се борат да се остварат како родители
Спермограм само нов треба за поднесување документи? Имам еден една година стар од Авицена и еден нов од Адриалаб. Дали двата треба или само најновиот?
Со среќа нека е. Со сменетиот систем од пред неколку години мислам дека помалку се чека. Мои пријатели чекаа нешто под година за да посвојат девојче од 3 месеци. Немаа врски и слично. Е сега имаа прилично бодови зашто и двајцата беа под 40 години, она под 35. За постари навистина не знам како е. Знам само и дека ако немаш преференција за пол на детето полесно оди. Традиционален менталитет па овде се „тепаат“ за здраво машко бебе.
Да, прво Ќе ги пуштам штом е така, да влезам во процедура за ваучер барем. Со документите одам прво кај матичниот, нели?
Мислам дека веке треба да престанеме со оваа тема, кој сакал, кој не сакал да присвои дете. Јас вчера само дадов пример. Не треба со недели да дискутираме за тоа. Не е ни место, ни време. Темата е "вештачко оплодување". И се чуствувам виновно што воопшто ја зачнав оваа тема, не знаев дека ќе се навредуваме, нервираме и надпишуваме.
Целосно се сложувам со твоето мислење. Ве замолувам да си продолжи темата со својот нормален тек на дискусија.
Не е проблемот што си ја зачнала оваа тема,проблемот е што не се почитуваат туѓи мислења. Секој има причина зошто сака или не сака да посвои дете.Не треба никој да се убедува во спротивното.
Да ве прашам тие што сте хетерозигот на мтхфр пијам метилирана фолна, и б витамини обични б комплекс и б 12 но ме интересира дали и б витамините треба да ми се исто во метилирана форма или не? и ако да кои ги зимате и од каде ? И уште нешто колкава доза зимате метилирана фолна јас 2x2 од 400 и плус има во фемибионот нели е ова многу?
Така. Тој треба да ти пополни предлог. Тука ти се формуларите што се поднесуваат со документацијата. http://www.fzo.org.mk/default.asp?ItemID=B5C974629F170249B59B83F25792321F Пополни си ги барањето и изјавата и направи си копии од сите документи што ги даваш за да ти стават печат.
Метилирана форма има само Б12 и добро е да го земаш. Јас сум хетерозигот и земам мет. фолна (400ug) и мет.Б12 (1000ug). Немаш штета од повеќе фолна.
Јас читав дека б12 не треба да се зема повеќе од 26 мг, а пренаталните содржат од прилика по толку и затоа прекинав да земам дополнително, а б3 е дозволено 20 мг дневна доза. Метил фолат земам 2х400 мг, хомозигот сум, ама иста е терапијата.